На гласањето утре на 15 јули, сите 3.840 избирачки места ќе бидат дезинфицирани од ДИК. Согласно протоколот, секој гласач е должен да држи растојание од два метра пред објектот на гласачкото место, како и пред влезот на секое гласачко место, и во самото гласачко место. Пред влегување е должен да ги дезинфицира рацете и должен да носи маска.
Молкот ќе заврши в среда (утре) во 21 часот кога ќе се затворат гласачките места.
Денот на одржувањето на изборите ќе биде неработен.
Денеска гласаа болните, хронично болни, изнемоштените, затворениците и лицата во старски домови.
Вчера своето право на гласање го остварија заразените со ковид-19 како и лицата во самоизолација.
И.T.З.