ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Нови мерки, старо другарство“, театар вечерва на отворено во Кавадарци

July 14, 2020 12:51
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Нови мерки, старо другарство“, е насловена театарската претстава наменета за најмладите, а која  вечерва на отворено ќе се одигра во кавадаречкиот градски парк „Љупчо Шкартов“.

Ова е всушност прв настан на Културно социјален простор ПОДИУМ-ЈАДРО Кавадарци. Уметницата Симона Манчева, претставник на организаторот, за МИА појасни дека во претставата четворицата другари, Денис, Ема, Нина и Тоше, се соочуваат со новите правила на друштвените игри.

-Вонредната состојба донесе и вонредни правила во игрите на улица. Дали новите правила ќе направат промени во нивното друштво или се’ ќе остане по старо? Дали ќе можат да ги променат старите навики за да се прилагодат на новото време? Прилагодувањата се тешки, но овие четворица другари мора да најдат начин да си играат по новите правила, нагласува Манчева.

Претставата е наменета за деца и млади на возраст од пет до 16 години.

Настанот е дел од проектот „Учествуваме, застапуваме, менуваме – демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра,  преку нов модел на институција на јавно-цивилно партнерство 0.2“, на ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена, поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

КСП ПОДИУМ–ЈАДРО од Кавадарци е формиран во декември 2019 година. Манчева појасни дека тоа  е хибридна установа од областа на културата,  основана преку јавно-цивилно партнерство помеѓу Општина Кавадарци и ЈАДРО – Асоцијација на независна културна сцена. Се работи за втора установа од ваков вид во  државата, после КЦП Центар–Јадро од Скопје,  основана во соработка со Општина Центар.

-Овој нов модел, кој е втемелен на партнерство помеѓу локалната власт и еден поширок фронт на граѓанска мрежа, составена од организации, поединци и неформални групи активни во полето на современата култура и уметност, обезбедува суштинска децентрализација на моќта во културата. Новиот модел од јавно-цивилно партнерство на институцијата е од значење за културниот развој, каде со обединување на локалните и националните иницијативи,  заедно со организациите и поединците од независната културна сцена,  ќе се произведува општествено добро низ дирекна демократија, нагласи Манчева.

Таа додаде дека оваа установа се формираше како резултат од потребата од простор, место каде што слободно ќе се изразува независната културна сцена, независната критичка мисла, преку современите социо-културни практики.

-Подиум во кој ќе се создаваат автономни, само-организирани содржини и јадро, во кое, заедно со граѓаните и пошироката заедница, ќе се случува и развива урбаниот живот. Место во кое ќе се артикулира и разменува нашиот урбан, интелектуален, критички и творечки капитал, рече Манчева.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Франција им оддаде почит на сите кои се бореа против коронавирусот

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп: Договорот за Газа е блиску, можеби ќе го посетам Блискиот Исток во текот на викендот

October 8, 2025

(ВИДЕО) Професорката Татјана Стојаноска Иванова: Герасимовски е најдоброто решение за Центар

October 8, 2025

Филипче од Прилеп: Под превезот на лажниот патриотизам донесоа ослабена економија и поделена држава

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Религија.мк: Владиката Петар во Москва служи литургија со Рускиот патријах Кирил – ќе се помоли за руската воена победа во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk