ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Франција им оддаде почит на сите кои се бореа против коронавирусот

July 14, 2020 13:12
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Под претседателство на Емануел Макрон на плоштадот Конкорд во Париз се одржа свеченост,  под паролата „Ангажирана, обединета и солидарна нација“, со која се одбележа националниот празник на Франција – 14-ти Јули, за време на која им беше оддадена почит на сите кои зедоа учество во борбата против коронавирусот, јави дописникот на МИА.

Настан кој вообичаено е следен од толпа народ на Елисејските полиња, годинава не беше отворен за публиката, без традиционалното воено дефиле, кое беше сведено на минимум.

Изданието 2020 за 14-ти јули започна со оддавање на почит на генералот  де Гол, за кој годинава се одбележува тројна годишнина: 130 години од неговото раѓање, 50 години од неговата смрт и 80 години од повикот од 18 јуни 1940 година,

По свеченостите и надлетувањето на Париз и плоштадот Конкорд од француското воздухопловство, чии елементи беа вклучени во евакуацијата на заболените, на плоштадот Конкорд се одржа мини воена парада, на која посебна чест им беше оддадена на здравствената служба на француската армија.

За да се избегнат санитарните ризици, пред почесната трибина на Конкорд парадираа 2.000 војници, наместо вообичаените 4.000. Први поминаа знамињата на четирите земји кои на Франција и помогнаа во справувањето со епидемијата, Германија, Австрија, Луксембург и Швајцарија.

Ова пред очите на 2.500 гости , од кои 1.400 претставници на Французите кои беа во првата линија за време на епидемијата: медицински персонал, семејства на починати припадници на медицинскиот персонал во борбата со Ковид-19, наставници, касиерки, вработени во погребалните претпријатија, полицајци, жандарми, пожарникари, вработени во фабриките за маски.

Претседателот Емануел Макрон, во 13 часот ќе го даде своето прво 14-то јулско телевизиско интервју, од кое се откажа од почетокот на мандатот. Но по кризата со жолтите елеци, протестите против реформата на пензискиот систем и сега кризата со епидемијата со Ковид-19 и последиците од неа, претседателскиот збор се очекува со нетрпение од француската нација.

Next Post

ДИК: Гласањето се одвива мирно и без никакви проблеми

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk