Адмир Шабани, портпаролот на ДИК, на пресконференција соопшти за излезноста на парламентарните избори до 15.00 часот.
– ДИК ги собра податоците за излезноста на гласачите во овие избори до 15.00 часот и тaa изнесува 31,78%, соопшти Шабани.
Шабани потоа детално соопшти по проценти за излезноста во секоја изборна единица.
Најголем одѕив има во Четвртата изборна единица каде излезноста е 35,56 отсто, а најмала и понатаму е излезноста во Шестата изборна единица – 22,85 проценти.
Портпаролот на ДИК Адмир Шабани информира дека во Првата изборна единица излезноста е 34,51, во Втората – 29,96, во Третата – 37,24, во Четвртата-35,56, во Петтата – 31,51 и во Шестата – 22,85 отсто.
Досега до ДИК, како што рече, не се доставени приговори.