„Ќе биде голем проблем одржувањето на мнозинство од 61 пратеник, практиката тоа го покажува, ако се земе во предвид препукувањата кои ги имаа СДСМ и ДУИ во последниот период на коалицијата. Тие нема да исчезнат, туку напротив само се засилија во текот на кампањата“, изјави поранешниот пратеник Павле Богоевски за емисијата „Топ тема“.
Тој смета дека идеално сценарио би било доколку Алијансата на Албанците се вклучи во коалицијата, ама за жал искуството покажало дека ДУИ и АА се многу далеку од ефективна соработка.