Изразувам политички став на фејсбук и имам повеќе коментари и реакции од било која друга моја објава за награда и признание што сум ја добила во животот… Па јас и уметниците како мене ја претставуваме оваа земја надвор бе! Без разлика од која партија или политичко убедување!
Меѓу другото, ме етикетираат како СДСМ, про -ДУИ само поради тоа што сум се изјаснила дека ЛЕВИЦА е фашистичка партија! Дечки, до сега имавме и сеуште имаме опасен и отворен национализам во Собрание кој што е присутен 20 години, а сега имаме И скриен фашизам… ВО 2020!!! ВО 2020!!!!
А воедно, ако бев СДСМ-овка, сигурно до сега ќе се направеше место за мене во некој театар за да се вработам… Па макар и во албански театар… ДУИ ќе ме вработеше. Pse jo? ???
Pse jo?
Pse jo??
Pse jo???
Pse jo????
(Ова не е ласкање кон тие што мислат дека ја подржувам политиката на СДСМ…. Или пак на ДУИ, НЕ ДАЈ БОЖЕ!)
Членови на Левица кои се најактивни на мојот статус пошто нели, партија на народот, ме обвинуваат дека земам проектчиња од Еу бидејќи немаат на што да се фатат… Е ова ми е најсмешно! Што не ги обвините земјоделците што се финансираат од Еу за да преживеат во годината? Или не, они ви се целна група на манипулација, па нема што да се каже… Чудно ми е што не ми го извадија СОРОС… Он е крив за се… Он ме плати за статусов… ?
И да не ги спомнувам сите навредливи коментари што алудираат на тоа дека не треба да се бавам со политика бидејќи сум завршила на ФДУ. Епа ако малку повеќе си информиран, ќе ја сфатиш целта на уметноста во општеството… И да не е тоа така, значи дека луѓе кои не се од светот на правото, не смеат да имаат став???
И дополнително, за вакви статуси како мојот, требало да се забрани правото на сопствен став итн итн…
И да не ги заборавиме безобразно навредливите коментари и заканувачки пораки на фб…
За жал, живееме во еден тотално нефункционален систем па нема ни логика да ги пријавувам во полиција… Ниту некој од моменталните партии во собрание е способен да го промени тоа…
Многу ми е жал што потрошив голем дел од времето за да се објаснувам, али компензирам за секое потрошено време за полемика во коментари!
п.с. Некој се обиде да ми го хакне профилот…. До толку бе дечки????
Фејсбук пост на Сара Климоска