ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

СДСМ е победник во македонските општини, како и во пет изборни единици

July 16, 2020 16:15
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Според првичните резултати од парламентарните избори забележителна е победата на СДСМ во голем број општини. Нивната победа е изразена во општините со доминантни македонски гласачи. Ова е потврда дека и Македонците се определиле за понудата на СДСМ која значи европска, демократска и просперитетна иднина за државата.

Во скопската општина Центар СДСМ има водство пред ВМРО ДПМНЕ од 4 400 гласа, во Карпош 2 800, во Куманова предноста е 3 500 гласа, Крива Паланка со 2 500, во Битола СДСМ води со над 1 000 гласа, Струмица со 3 700. Предност има и во Крушево, Кочани, Берово, Радовиш, Валандово, Богданци и уште многу други општини. Покрај овие кои се со доминантно македонско население, СДСМ оствари победа пред ВМРО ДПМНЕ и во мултиетнички општини, во Тетово разликата е 2 000 гласа, во Гостивар 750, Теарце 1 000, Боговиње 1 500, Врапчиште 1 200.

Овие резултати потврдуваат дека предизборната коалиција со БЕСА е валоризирана затоа што СДСМ покажа на дело дека се залага за мултиетничка држава со почитување на правата на сите граѓани. Со овие остварени резултати СДСМ има најголем коалиционен капацитет, додека ВМРО-ДПМНЕ е во моментов на страна и повеќе соочена со фактот дека ќе мора да се реформира или ќе се соочи со закана за распад на партиската структура.

Извесно е дека Зоран Заев е новиот мандатар и дека тој прв ќе има шанса да состави владино мнозинство. Покрај поедини општини, генерално СДСМ победи во пет изборни единици, а со мала разлика загуби од ВМРО ДПМНЕ во третата изборна единица, но таму има шанси и двете партии да имаат по 10 пратеници, што значи во бројот на мандати да се изедначени, со мала предност на ВМРО ДПМНЕ во однос на бројот на гласови.

Во останатите изборни единици СДСМ однесе победа и практично таму ја направи предноста од неколку пратеници, дали ќе бидат два или три допрва ќе се знае откако ДИК ќе соопшти официјални резултати. СДСМ има поголема доверба во првата, втората, четвртата, петтата и шестата изборна единица. Ако се следат резултатите според изборни единици тогаш е јасно дека за СДСМ гласале гласачи од сите етнички заедници, каква што и беше коалицијата „Можеме“. Се потврди дека граѓаните од сите региони сакаат опција со понуда и со просперитетна програма. Ова е доказ дека граѓаните препознале визија во СДСМ и дека поголем дел од нив ги поддржуваат политиките за евроитеграции, но и плановите за зајакнување на економијата.

Од преброени гласови од 2.277 гласачки места од вкупно 3.480 гласачки места, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,78 отсто од гласовите пред Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 35,75 отсто, покажуваат првичните податоци на ДИК. За Демократската унија за интеграција (ДУИ) гласале 10, 31 отсто, за Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,13, за Левица 4,16, за Интегра 1,38, за Демократската партија на Албанците (ДПА) 1,33, а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ФОТО) „Ограничена мобилност“ – уметничка акција што ги открива секојдневните предизвици на лицата со попреченост во Скопје

June 21, 2025

Кузеска: Скандалот со сертификатот на Христовски од АНБ се прошири, бараме нова истрага од Обвинителството

June 21, 2025

(ВИДЕО) Голем пожар во Далмација меѓу Омиш и Макарска, се спасуваат куќи, пожарникарите немаат контрола

June 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk