ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Бирото за јавни набавки одговорило негативно на барањето на ДИК да набави софтвер за веб сајт без објавување на оглас

July 17, 2020 08:04
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бирото за јавни набавки (БЈН) одговорило негативно на барањето на Државната изборна комисија (ДИК) да набави софтвер за веб сајтот со преговори без објавување оглас, но и покрај тоа ДИК ја спровело набавката на тој начин, објави Сакам да кажам.

На 1 јуни 2020 година Државната изборна комисија испратила барање до Бирото за јавни набавки за спроведување постапка за преговарање без објавување оглас за Набавка на нови и надградба на постојни софтверски решенија во ДИК со образложение: „доколку поради крајна итност, предизвикана како резултат на настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди, роковите за другите постапки не може да се применат“.

БЈН на 10 јуни одговара дека не се исполнети условите, а ДИК го прима решението на 16 јуни.

„Во однос на вашето барање за спроведување постапка за преговарање без објавување оглас за Набавка на нови и надградба на постојни софтверски решенија во ДИК, со проценета вредност од 4.500.000,00 денари, а земајќи го предвид образложението и доказите во прилог, Бирото за јавни набавки е на мислење дека во конкретниов случај не се исполнети условите за спроведување на постапката за преговарање без објавување оглас“, се вели во одговорот на БЈН до ДИК.

Два дена (18.6) откако го добиле негативното мислење од Бирото за јавни набавки, Државната изборна комисија донела одлука за јавна набавка со спроведување постапка за преговарање без објавување оглас. Утредента (19.6) биле поканети две компании, „Дуна“ и „АјВоут“, кои во рок од еден ден (20.6) ги доставиле понудите. На 22 јуни, ДИК ја избира понудата на „Дуна“ во износ од 899.999,00 денари како најповолна. На 29 јуни е потпишан договорот со „Дуна“. „АјВоут“ поднесува жалба на 22 јуни, која што е одбиена на 8 јули како неоснована. На 9 јули, договорот е доставен до Бирото за јавни набавки. Изборите се одржаа на 15 јули.

На вчерашната прес-конференција, на која што претседателот Оливер Деркоски ги прочита конечните неофицијални резултати од изборите, тој кажа дека го набавиле софтверот да се убрза процесот, и веднаш потоа се извини за доцнењето со резултатите. Тој тврди дека завчеравечер по затворањето на избирачките места биле цел на хакерски напад и поради тоа паднал сајтот, кој веќе трет ден не можат да го оспособат. На новинарско прашање зошто го пријавиле наводниот хакерски напад во МВР дури утредента, Деркоски одговори дека имале многу работа и немале време да се занимаваат со тоа.

Претходно во февруари, ДИК распиша тендер за набавка на софтверот, на кој како најповолен понудувач беше избрана „Дуна“, но тендерот беше поништен по жалбата на „АјВоут“.

Веб страницата на ДИК уште не работи.

Извор: Сакам да кажам

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Патот од Подмоље до Охрид вечерва ќе биде пуштен во сообраќај

June 21, 2025

Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

June 21, 2025
Инаугурација на папата Лав XIV. Фото: Скриншот

Папата предупредува на предизвиците кои ги носи вештачката интелигенција

June 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голем пожар во Далмација меѓу Омиш и Макарска, се спасуваат куќи, пожарникарите немаат контрола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk