Со оглед на тоа што веќе трет ден не е активна интернет страната на Државната изборна комисија и не можат да ги презентираат целосно обработените податоци од изборите, тие на драјв поставија pdf документ каде се наведени сите избирачки места со освоени гласови на секоја партија.
ДИК ги пласира неофицијалните конечни резултати.
Се чекаат одговори на поднесени приговори кои треба да се разгледуваат, а иако до денес на пладне беа поднесени само 5 приговори и едно барање за увид, попладнево биле доставени уште 77, од кои 74 се од Алијанса за Албанците.
А. Н. С.