„Остануваме на ставот дека логично е да коалицираме со СДСМ. Тие имаат 46, ние 13 пратенички мандати, така да има мнозинство да се избере влада и стабилно владеење, затоа што ДУИ е стабилен партнер. ДУИ не е авантуристичка партија што ги менува изборите на секои 3 дена“, изјави Артан Груби за емисијата „Само вистина“.
За резултатите од одредени избирачки места, каде што ДУИ освоила многу гласови во македонски етнички средини, Груби изјави дека тоа не е чудно.
„Како што господата Заев и Мицкоски добиваат албански гласови, зошто ДУИ да не освои македонски гласови. Ние ѝсе обративме на македонската етничка заедница, тие знаат дека државата е најсигурна во рацете на Ахмети и ДУИ. Покажавме дека сме најконструктивна партија од 2002 година до денес и сме чувари на евро-атлантскиот пат. Кога сите дигнаа раце од преговорите со Грција, ДУИ одржуваше врски со Атина, Ахмети трипати ја посети Атина“, рече Груби.