– Фашизам е кога го бришеш Антифашистичкото Собрание На Македонскиот Народ – АСНОМ… Обвинителството повеќе не смее да служи за притисок и уценување на политичари. – напиша Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.
Илија Димовски во одбрана на фашистичкиот наратив на Апасиев.
Денеска Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет за статус на социјалната мрежа Фејсбук, објавен од лидер на политичка партија, по пристигнато известување од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи.
– Истовремено за истото лице пристигнаа две кривични пријави, поднесени од здружението на граѓани Хелсиншки комитет за човекови права и две физички лица, а се однесуваат на друг статус објавен на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, се вели во соопштението од ОЈО.