Либерти АД Скопје потврдува дека нејзиното работење не е причина за овонеделните објави за загадување на реката Вардар. Компанијата спроведе сеопфатна ревизија на својата постројка за третман на отпадни води и може да потврди дека непрестајно работи во рамки на сите релевантни параметри, без проблеми, велат од Либерти АД Скоје.
– Исто така, прегледани се и редовните мерења кои континуирано се спроведуваат, кои и понатаму се далеку под ограничувањата утврдени во работната дозвола. Овие мерења беа потврдени и од страна на инспекторот со извршениот инспекциски надзор, се вели во демантот.