ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Медиумска манипулација во текот на изборниот молк со коруптивен видео-спот што ги чинеше граѓаните 1,1 милион евра

July 17, 2020 09:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Видео-клип платен од државниот буџет со зделка од 2016 г. која е под истрага за корупција беше објавен на Јутјуб и користен за мобилизација на гласачите преку огласи на Фејсбук во текот на изборниот молк меѓу 13 и 15 јули 2020 г, објави МЕТА.

Клипот насловен „Налеј, налеј – Македонија е љубовна приказна“ беше објавен на Јутјуб на 12 јули на каналот „Macedonia TV series“ и во наредните денови беше промовиран на социјалната мрежа Фејсбук преку многубројни платени огласи од неколку различни страници.

Целта на оваа пропагандна операција беше недвосмислена – да се предизвикаат емоции кај гласачкото тело преку потсетување на патриотски теми со цел да се гласа за партија која го присвојува историското наследство на револуционерната борба од почетокот на XX век. Така, една од „спонзорираните“ објави на Фејсбук повикуваше:

„Да се наежиме и со љубов и со пенкало да си ја вратиме татковината!! Да му покажеме на светот како изгледа вистинскиот  референдум за Македонија!!“

Текстот прави директна алузија на изјавата на политичкиот противник Зоран Заев по изборите од 2016 година дека „режим падна со пенкало“ – односно преку мирно гласање.

Спотот е единствената снимка од несудената играна серија „Македонија“ која продуцентската куќа Јадран Филм ДООЕЛ Скопје ја  има направено достапна до јавноста. За серијата од државниот буџет било договорено да се исплатат 4,6 милиони евра.

Според истражувањето на Призма од ноември 2017 година, за серијата до тогаш биле потрошени 1,1 милион евра народни пари. Таа година продуцентот требало да покаже дека парите се наменски потрошени со тоа што до септември ќе ја емитува првата сезона од 14 епизоди.

Но, освен краток трејлер и една сцена од нецела минута, на официјалниот канал на Јутјуб во наредните скоро три години не е објавено ништо друго од серијата.

Содржината на трејлерот е слична на содржината на спотот објавен од истата фирма и промовиран во текот на изборниот молк – сцена во кафеана од 1903 година при која присутните ја пеат народната песна „Налеј, налеј“, која е дел од легендата за гемиџиите.

Во декември 2017 година Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција почнало истрага за случајот, за во февруари 2020 г. Основното јавно обвинителство – Скопје  да поднесе обвинителен акт против поранешната директорка на Агецијата за филм за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување со цел на Јадран Филм ДООЕЛ да му прибави „значителна имотна корист од 68.000.000 денари“.

За потребите на промоција на спотот беа користени постоечки и новоотворени страници на Фејсбук. Една од нив, насловена „Наша татковина Македонија“ беше отворена на самиот ден на изборите 15 јули, искористена за лансирање огласи, а по завршувањето на гласањето угасена, веројатно во обид да се прикријат финансиските траги за овој дел од изборната кампања.

Снимка на екранот на отстранетата Фејсбук страница “Наша татковина Македонијa“ активирана во текот на изборниот молк. Фото: Мета.мк

Од неодамна, Фејсбук промовира поголема транспарентност за страниците на нивната платформа. Тоа ги опфаќа и страниците кои се избришани, за кои сепак останува трага дека постоеле.

Информација од Фејсбук дека страницата „Наша татковина Македонија“ била избришана.

Според податоците кои Фејсбук ги дава јавно за линкот кон видеото, промоцијата со платени огласи овозможила вкупно 37.459 реакции (лајкови, коментари или споделувања) на објавите на различни страници, кои пак довеле до 200.846 гледања на самото видео од Јутјуб заклучно со 16 јули.

Проценките за финансиските средства потребни да се постигне таков ефект со огласи, во комбинација со „неавтентично однесување“ односно координирана акција на профили од мрежи на тролови на кои им е наложено оркестрирано да лајкнуваат или споделуваат, се движат во ранг од неколку стотици до неколку илјади евра.

Освен преку огласи на Фејсбук, видеото го промовираа и неколку онлајн медиуми, меѓу кои и неколку кои имаат јасна партиска ориентација, од кои дел од нив и се финансираат преку Унгарија. Дел од тие објави дури го прогласуваат за „вистински македонски социјален феномен без преседан“ тврдејќи дека видеото имало над еден милион гледања, наспроти јавно достапниот податок на неговата страница на Јутјуб за пет пати помал број.

Извор: МЕТА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Северна Македонија повторно ја нема на листата на ЕУ на земји со дозвола за влез, тргнати Србија и Црна Гора

НАЈНОВО

Филипче до Максим Димитриевски: Со подизведувачи на ДПМНЕ и предавници на социјадемократската идеја не дебатирам

October 8, 2025
Фото, генерирано со ВИ

Мелони со закон против бурки и никаби на јавни места во Италија

October 8, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп: Договорот за Газа е блиску, можеби ќе го посетам Блискиот Исток во текот на викендот

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Религија.мк: Владиката Петар во Москва служи литургија со Рускиот патријах Кирил – ќе се помоли за руската воена победа во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk