Последните тестирања за Ковид-19 резултираа со над десет отсто новизаразени од корона вирусот. Во последното соопштение на Министерството за здравство е наведено дека биле извршени 830 тестирања, а регистрирани се 94 нови случаи со Ковид-19. И натаму најголем број на новозаразени од корона вирусот се регистрират во Скопје. Но, освен новите случаи со корона вирусот здравствените органи информираа дека има 42 оздравени пациенти, од кој поголеми број од главниот град.
Истовремено во Клиниката за инфективини болести, во ГОБ „8 Септември”, во Општатите болници во Прилеп, Струга и Гостивар вчера починаа осум пациенти кој биле позитиви на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 8.623, бројката на оздравени пациенти е 4.603, на починати е 401, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.619. Денеска се евидентира еден контролен тест и исправка за четири оздравени лица од Кратово заради техничка грешка. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Од почетокот на пандемијата во Скопје се регистрирани над четири илјади заразени од Ковид-19, од кој 1.823 се уште активни. После главниот град, Тетово е на второ место со најголем број на заразени вкупно 900, кој 291 лица се уште позитивни на Ковид-19, односно Куманово со 882 случаи, од 214 пациенти се уште се активни.
Воедно Министерството вчера информираше дека во состав на Универзитетската клиника за детски болести е поставена монтажна општа амбуланта како дел од активностите за враќање на редовно работење на дел од клиниките, а со цел заштита од евентуално ширење на Ковид-19 кај најмладите пациенти.
Од Клиниката за детски болести, како што се посочува, напоменуваат дека децата кои се сомнителни или се со симптоми на Ковид-19 и понатаму ќе се прегледуваат и хоспитализираат во Болницата за белодробни заболувања Козле и на Инфективната клиника.