Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажуваат дека Штип и Ресен се со најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители.
„Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 867,6 и Ресен со 843,9 заболени на 100.000 жители, Скопје (627,9/100.000), Куманово (604,1/100.000), Свети Николе (573,3/100.000), Дебар (544,0/100.000), Струга (484,9/100.000), Тетово (436,0/100.000), Охрид (404,6/100.000), Прилеп (315,8/100.000) и Велес (306,4/100.000), додека инциденца со над 150 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Пробиштип, Гостивар и Кочани“, стои во анализата на ИЈЗ.
Вчера Министерството за здравство соопшти дека биле направени 830 тестирања, а регистрирани биле 94 нови случаи на Ковид-19 во:
-Скопје 49
-Куманово 2
-Штип 8
-Прилеп 1
-Тетово 6
-Струга 2
-Гостивар 13
-Кочани 2
-Свети Николе 9
-Кичево 2
Починати се 8 лица, два пациенти од Скопје, еден од Прилеп, еден од Струга, еден од Охрид, двајца од Гостивар и еден од Кичево.
Досега во земјата се направени вкупно 81604 тестирања на Ковид -19.