По доцнењето на изборните резултати од ДИК, партиите најавуваат приговори.
Бирото за јавни набавки одговорило негативно на барањето на ДИК да набави софтвер за веб сајт без објавување на оглас.
Заев со 46, а Мицкоски со 44 пратеници во трка за формирање парламентарно мнозинство.
Забрчанец: Мицкоски се расфрла со терминот кредибилитет мислејќи дека со тоа ќе си го зголеми сопствениот.
Богоевски: Идеално би било доколку Алијанса за Албанците се вклучи во владеачката коалиција.
Позитивни на Ковид-19 над 10 отсто од тестираните, бројот на оздравени за 1.000 поголем од активните случаи.
Антикорупциска ќе разгледува дали е прекршен Изборниот закон при изборот на ректор на УКИМ.
Истекува рокот за издавање на домашната платежна картичка, граѓаните да ги искористат до 15 август.
Сончево и топло до 34 степени. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне главно во планинските подрачја ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи.