ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Управен суд одлучи во полза на Владата, поништи одлука на ДКСК по приговор на ВМРО-ДПМНЕ

July 18, 2020 16:51
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Управниот Суд одлучи во полза на Владата и ја поништи одлуката на ДКСК по приговорот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија” во врска со Програмата за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки со справување со КОВИД-19 кризата, пренесе Канал 5.

Во името на граѓаните на Република Македонија Управниот суд на седница одржана на 17 јули, решавајќи по тужбата на тужителот Генерален секретаријат на Влада на Република Македонија преку д-р Драги Рашковски, генерален Секретар на Владата, донесе и јавно ја објави пресудата со која ја уважи тужбата на тужителот Влада на Република Македонија – Генерален секретаријат, и ја поништи одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата како неоснована со што приговорот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија” поднесен од овластен потписник Игор Јанушев од Велес на 07 јули 2020 година до Државна комисија за спречување на корупцијата го одби како неоснован.

Оваа одлука на Управниот суд доаѓа по поднесениот приговор на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија” во врска со објавениот „Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки со справување со КОВИД-19 кризата”, и со потпишување на договори за финансиска помош за исплати на средства од Буџетот на Република Македонија, во период на изборна кампања за предвремени избори за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.

Во образложението на Управниот суд во врска со отфрлањето на одлуката на ДКСК и на приговорот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија” се наведува дека во конкретниот случај се извршило исплата на средства од Буџет на РСМ, за кое нешто биле донесени одлуки и Програма за давање на финансова поддршка, во вонредна состојба, а исплатата претставувала само реализација на овие одлуки и програми, видно од приложените договори, и дека е ирелевантно дали исплатата е направена пред изборите од 15 јули 2020 година.

Дополнително, Управниот Суд во образложението истакнува дека согласно член 9 став 1 од Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на Република Македонија на 15 Јули 2020 година (објавена во „Службен весник на РСМ” бр.160/2020 од 15.06.2020 година) од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила па се до денот на престанокот на траењето на вонредната состојба не се применуваат членовите 8-а, 75-г, 75-д и 84-а од Изборниот законик, како и членот 34 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Извор: Канал 5 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Британија го прекинува секојдневното објавување податоци за смртни случаи од Ковид-19

НАЈНОВО

Филипче до Максим Димитриевски: Со подизведувачи на ДПМНЕ и предавници на социјадемократската идеја не дебатирам

October 8, 2025
Фото, генерирано со ВИ

Мелони со закон против бурки и никаби на јавни места во Италија

October 8, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп: Договорот за Газа е блиску, можеби ќе го посетам Блискиот Исток во текот на викендот

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Религија.мк: Владиката Петар во Москва служи литургија со Рускиот патријах Кирил – ќе се помоли за руската воена победа во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk