Во последните 24 часа се направени 1700 тестирања, а регистрирани се 241 нови случаи на ковид-19.
Најмногу случаи се регистрирани во Скопје или 73, а веднаш зад главниот град е Штип, со дури 60 новорегистрирани за само 24 часа.
Триесет случаи се од приватниот скрининг на сопственик на една штипска конфекција, а останатите 30 се исто така работници од четири други штипски конфекции, но и нивни контакти со членови на семејствата или пријатели.
Денеска нема ниту еден оздравен од Штип.
– Скопје 73
– Куманово 10
– Дебар 1
– Штип 60
– Прилеп 5
– Тетово 32
– Струга 3
– Велес 1
– Битола 3
– Охрид 2
– Гостивар 14
– Гевгелија 6
– Струмица 4
– Крива Паланка 3
– Радовиш 3
– Крушево 1
– Кочани 8
– Пробиштип 1
– Демир Хисар 2
– Виница 1
– Кратово 1
– Свети Николе 5
– Кичево 2
Починати се 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.
Досега во земјата се направени вкупно 84916 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
И.Т.З.