ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

На денешен ден е роден Владимир Мајаковски, еден од најзначајните претставници на авангардата и поетскиот футуризам

July 19, 2020 13:13
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Рускиот писател и еден од најпознатите претставници на авангардата и поетскиот футуризам во царска Русија и Советскиот Сојуз во раниот XX век, Владимир Владимирович Мајаковски, e роден на денешен ден 19.7.1893 година во грузиското село Багдади (кое денес се вика Мајаковско) во близината на Кутаиси.

Мајаковски на почетокот од кариерата им припаѓал на футуристите, но подоцна со восхит ги прифатил идеите на Октомвриската револуција и станал еден oд најистакнатите поети на новата советска држава.

Илегалната работа ја започнал и им се приклучил на болшевиците во 1908 година, дејствувајќи како пропагандист во трговско-индустрискиот реон. Истата година бил уапсен, но бил ослободен како малолетник. Поради своите револуционерни идеи, во 1909 година, бил уапсен заради поседување револвер и одлежал неколку месеци во ќелијата број 103, во Бутирскиот затвор во Москва. По неговото трето апсење, почнал да прави скандали поради што често го преместувале од едно во друго место, а во самица поминал дури 11 месеци. Потоа, свесен дека мора да го испече писателскиот занает, ја напуштил партиската работа и приватно започнал да учи сликарство и рачна работа, а потоа се запишал во училиште за сликање, скулптура и архитектура. Кога започнала Првата светска војна, Мајаковски се пријавил како доброволец, но бил одбиен како „политички неподобен“.

Владимир Мајаковски. Илустрацуја од Зоран Кардула

Во 1915 година, Мајаковски ја запознал својата голема љубов и муза Лилја Брик чиј сопруг му ги откупувал песните.

Од 1921 година работел за весникот „Известија“, но истовремено ја организирал работата во МАФ (Московската асоцијација на футуристите), додека од 1923 до 1925 година работел во списанието ЛЕФ (Лев фронт на уметноста). Во 1925 година го започнал своето патување по светот (Берлин, Париз, Хавана, Њујорк) при што известувал за весниците „Известија“, „Труд“, „Работничка Москва“, „Зора на Истокот“, „Бакински работник“ итн. Во 1927 година, повторно го активирал списанието ЛЕФ, но повеќе работел за „Комсомолска правда“.

Мајаковски и Лилја Брик

Иљја Еренбург го опишал Мајаковски на следниов начин: „Понекогаш беше неиздржливо невесел и болно внимателен, во џебот носеше кутија со сапун, и кога мораше да се ракува со човек кој му беше физички непријатен, веднаш заминуваше и внимателно ги миеше рацете. Во париските кафеани пиеше жешко кафе со сламка, која ја даваа за студените пијалаци, само за да не ја допре шолјата со устата. Го исмејуваше суеверието, но постојано се плашеше од нешто, ги обожуваше хазардните игри – круна или глава, пар или непар.

На 12 април 1930 година, Мајаковски напишал проштално писмо, адресирано „На сите“ во кое, покрај другото, стоело: „Не окривувајте никого за мојата смрт и, ве молам, да не правите сплетки. Покојникот тоа никако не го сакаше. Мамо, сестри, другари, простете, ова не е начин (на другите не им го препорачувам), но навистина немам излез. Лилјо, сакај ме. Другарке Владо – моето семејство се Лилја Брик, мама, сестрите и Вероника Витолдовна Плонска. Ако им овозможиш пристоен живот – ти благодарам. Започнатите стихови дајте им ги на Брикови – тие знаат што треба.“ Во писмото, Мајаковски напишал и една строфа (и Есенин постапил на истиот начин кога извршил самоубиство):

Понекогаш велат –

„Случајот е целосно јасен“,

На брегот на живеењето

се скрши љубовниот брод.

Со животот ги заклучив сметките,

не треба список гласен

на заемните болки,

навреди

и караници.

Останете среќни,

Владимир Мајаковски.
Последното писмо на Мајаковски
Два дена подоцна, на 14 април 1930 година, во 10 часот и 15 минути, во Москва, Мајаковски извршил самоубиство.

Анегдоти поврзани со Мајаковски

Мајаковски бил човек полн со хумор и сарказам и бил многу отворен и директен во односот кон луѓето и за време на своите учества на литературните настани.

Кога на познатиот руски сликар Иљја Репин му ја прочитал поемата „Облак во панталони“, тој бил воодушевен и го поканил во своето ателје за да му наслика портрет – нешто што било резервирано само за најтесен круг луѓе. На тоа, Мајаковски го прашал: „А колку ќе ми платите за тоа?“ Подоцна, сепак отишол во ателјето, но со избричена глава, шокирајќи го славниот уметник. Во друга прилика, Корнеј Чуковски се воодушевил од стиховите на Мајаковски и сакал да го пофали. Го нашол како игра билјард, го извлекол од играта и почнал да му зборува, а Мајаковски го прекинал со зборовите: „Јас сум зафатен… извинете… ако сакате да ја пофалите таа книга, ве молам, одете во оној агол… кај последната маса… таму, гледате ли, седи старец со бела кравата. Јас одам со неговата ќерка и таа веќе знае дека сум голем поет… ама таткото се сомнева.“

Во една прилика, некој му рекол: „Мајаковски, вие мислите дека сите ние овде сме идиоти!“ На тоа, Мајаковски одговорил: „Од каде ви е тоа? Јас пред себе гледам само еден“.

Во друга прилика, некој му забележал со зборовите: „Мајаковски, вие себеси се сметате за пролетерски поет, а постојано велите: јас, јас, јас. Како така?“ На тоа, Мајаковски одговорил: „Дали Николај Втори бил колективист? Тој постојано зборуваше: Ние, Николај Втори…“

Најпосле, кога некој злонамерен противник му се обратил со зборовите: „Вашите стихови се актуелни, тие ќе умрат брзо, вас ќе ве заборават. Бесмртноста не е ваша судбина.“ Мајаковски одговорил: „А, вие дојдете по илјада години. Тогаш ќе разговараме“ /извор: Википедија/

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk