Во оваа кампања јас со месеци наназад бев изложен на сета политичка “Сцила” и “Харибда”. Со месеци наназад моето име (и презиме) го бербатеа разни десничарски и парадесничарски структури. Свесен дека на многу луѓе им сметам – со мојот глас (и стас!) – па тоа го користеа и се’ уште го користат против мене: кој сум, што сум, дали и која западна амбасада ме плаќа, чиј сум шпиун, чиј сум предавник…
Притоа, многу луѓе забораваат (а голем број немаат ниту појма) дека јас имав директни и “воени искуства” со врхушката на ВМРО-ДПМНЕ во времето на Груевски. Ме гонеа со тужби, ме одведоа на суд, ми се закануваа телефонски, ме плукаа и провоцираа по улици, ме гонеше фунансиско разузнавање заради невладината организација што ја отворивме со неколку пријатели и истомисленици во тоа време. И ден денес сè уште ме гонат.
Невозможно е мене да ме запрат да пишувам, невозможно е да бидам цензуриран или автоцензуриран, затоа што така ќе треба да го убијат моето политичко и животно искуство.
Имено, јас сум Self Made, потполно се вклопувам во неолибералниот наратив, притоа, не е ништо чудно ако завршам како Леонардо Ди Каприо во филмот “Волкот од Волстрит” (смех!).
На СДСМ “локално”, како и на СДСМ “централно”, им помогнав затоа што сакав и затоа што верував. Попатно, им помогнав “free of charge”. Не сум се договарал за позиција, раководно место или да бидам некаков “баја во државата”. Јас сум офицер и џентламен (смех!), ако ме разбирате што сакам да кажам. Што значи, прво правам работи, а потоа размислувам за последиците (смех!).
Останувам со наративите и вредностите на СДСМ сè додека тие наративи се важни и политички потентни: социјална правда, заштита на малцинства, заштита на Другоста и Различноста, инклузивност, Eвропа, ненационализам, слобода, антифашизам имплицитно разбран како однос против насилството…
На крајот, заради моите ставови и мисловни реченици, свесен сум дека попатно залепив многу политички непријатели, оти нели – јас сум бележито магаре; или што би рекол Сер. Винстон Черчил, “те мразат, добро, значи дека во нешто веруваш”. А на моите душмани сакам да им порачам дека јас сум човек восхитен од слободата во сите нејзини агрегатни состојби.
Знам, на овие мои зборови ќе се налутат робовите и неслободните луѓе. Ама тоа не мој проблем.
Тука сум. Тука сме. И ќе се бориме. За она во што веруваме и љубиме. Па, јеби га, кој жив, а кој мртов.
Ви благодарам на вниманието.
Фејсбук пост на Ненад Јовановиќ.