ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Што сè се случи за првпат на изборите?

Изборите беа џиновски двобој меѓу прогресот и минатото. На едната страна беше Заев (со СДСМ, ребрендиран и со модерен, светски стил), антинационалист, отворен, позитивен, прогресивен и насмеан, со заслуги за влез во НАТО, одмрзнување на патот кон ЕУ, решени спорови со соседите... Од другата страна беше Мицкоски (со ВМРО-ДПМНЕ и огромниот криминален багаж), мрачен, крајно негативен, злокобен, националист, со поглед кон минатото, плачлив...

July 19, 2020 14:22
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Интересно е да се види што сè се случи за првпат на предвремените парламентарни избори во Северна Македонија на кои победија Зоран Заев и коалицијата што ја состави и ја водеше.

Во исклучително тешки и деликатни услови, Заев на овие избори, истрча на теренот со првата предизборна коалиција што беше вистински мултиетничка – за првпат една од најголемите партии коалицира со партија на Албанците во земјата, заедно со сите други заедници.

И победи. Однесе чиста, иако тесна, победа. Се водеше жестока и валкана кампања веќе две години, не само во текот на изборниот процес, со која се туркаше тезата дека тој што ќе го смени името на државата, ќе биде апсолутен губитник и дека ќе исчезне од политиката. Зоран Заев го докажа токму спротивното и излезе со чиста изборна победа. Голем број граѓанки и граѓани препознаа дека се работи за додавка на името на државата, а не за промена, и дека тоа нè воведе во НАТО, ги отвори портите на ЕУ и ја врати земјата на мапата на прогресивниот свет. Од ФИРОМци – Македонци, со македонски јазик, идентитет и македонска држава…

Заев за првпат го поведе СДСМ во изборна победа од позиција на власт, ако не ги сметаме изборите во 1994 година кога опозицијата ги бојкотираше изборите и му подари апсолутна предност на Бранко Црвенковски.

Во источниот дел од земјата, во повеќе градови со огромно мнозинство Македонци, СДСМ првпат однесе изборна победа. Така, СДСМ победи во Кочани, првпат по 18 години.

За првпат се гласаше во услови на епидемија од коронавирусот. СДСМ посвети голем дел од својата кампања на промоција на мерки за заштита од коронавирусот, што придонесе кон почитување на тие мерки кај најголем дел од гласачите и изборната администрација. Се разбира, во промоцијата на здравствените протоколи помогнаа и неколку невладини организации. Да останеше на Мицкоски и неговиот технички министер, ќе беше сосема поинаку (кафана, теретана, гушкање, стискање)…

Некои медиуми ја прогласија Љатифа Шиковска за прва жена Ромка во парламентот, но, сепак, се работи за втора жена Ромка, по Ѓулистана Марковска (1991 и 1998-2002), иако стои и фактот дека Љатифа е прва Ромка – активистка за човековите права на Ромите која доби место во парламентот.

За првпат видовме кампања со целосна инклузивност и на лицата со посебни потреби. Искрено и во целост, СДСМ ја водеше кампањата придружена со знаковен јазик и со аудио содржини, соодветно на различните категории на лицата со попреченост. Веројатно, оттаму произлезе и отворената поддршка од националните сојузи на лицата со посебни потреби.

Изборите беа џиновски двобој меѓу прогресот и минатото. На едната страна беше Заев (со СДСМ, ребрендиран и со модерен, светски стил), антинационалист, отворен, позитивен, прогресивен и насмеан, со заслуги за влез во НАТО, одмрзнување на патот кон ЕУ, решени спорови со соседите… Од другата страна беше Мицкоски (со ВМРО-ДПМНЕ и огромниот криминален багаж), мрачен, крајно негативен, злокобен, националист, со поглед кон минатото, плачлив… Ни во свое маало не победи, но тоа не е првпат.

За одбележување е и битката на албанските гласачи против речиси дводецениската политичка доминација на ДУИ. Излегоа победници во таа битка, со бројот на освоени места за пратениците Албанци (18 наспроти 15). Наспроти силниот притисок (не е првпат) врз гласачите Албанци, со злоупотреба на јавните ресурси.

За првпат, во Собранието влегува партија со име дијаметрално спротивно на пораките, однесувањето и политиките што ги промовира, но тоа е друга приказна која не заслужува да се раскажува на ова место.

Да се вратиме на Заев… Човекот, откако се појави во политиката, постојано донесува одлуки за кои никој претходно немал храброст и далекувидост ни да помисли на нив, а не, пак, навистина да ги донесе и спроведе. Сосе сите грешки и пропусти, но без исклучок – секогаш во тешки и комплицирани околности.

И сето тоа, без плата. Повеќе од 15 години наназад ја донира во добротворни цели. Ретко кој го знае тоа. Веројатно и тука има некое „првпат“.

Сега, останува да видиме какви политички акробации ќе изведе Заев (некои и за првпат) при составување на новата влада…

 


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk