Вицепремиерот за евроинтеграции и член на ДУИ, Бујар Османи со статус на Фејсбук им порача на другите албански партии дека изборите биле фер и демократски, да не обвинуваат за нерегуларности, туку да се здружат и да го изберат првиот премиер Албанец.
„Надминете го гневот од резултатите од изборите, не ги обвинувајте ги Албанците за вашиот неуспех, сте имале претставници на секое избирачко место и секој од нив го одобрил и потпишал записникот за регуларноста на процесот. Вие исто така знаете дека ниту еден глас не е теоретски или практично злоупотребен. Имаше илјадници локални и меѓународни набудувачи кои не забележаа никакви нерегуларности. Оставете ги овие празни разговори што ве прават да изгледате уште полошо. Ајде да се собереме и да го избереме првиот албански премиер. Не ја пропуштајте оваа можност, не бидете на погрешна страна на историјата. Албанците го очекуваат ова од вас и од нас“, напиша Османи на Фејсбук.