ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Солскјер: Де Хеа знае која е неговата работа

July 21, 2020 19:40
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека голманот на „црвените ѓаволи“, Давид де Хеа е ментално доволно силен за да ги надмине грешките што ги направи при поразот од Челси во полуфиналето на ФА Купот.

Шпанскиот голман беше главниот виновник за водечкиот гол на Оливие Жиру во првото полувреме, а потоа по паузата зггреши при голот на Мејсон Монт. Јунајтед беше поразен со 3:1 во тој дуел, што доведе до повици клубот што поскоро да се ослободи од Де Хеа.

Сепак, Солскјер вели дека Јунајтед, кој во моментов се бори за место во Лигата на шампионите следната сезона, мора да се фокусира на дуелот со Вест Хем во среда вечер.

– Ова нема да стане конференција за Де Хеа, ние ќе се држиме заедно, Давид е ментално доволно силен за да знае дека негова работа е да се покаже на тренинзите и да биде подготвен за натпреварите. Имавме одредени проблеми како клуб, смегубеле големи дуели и порано и сме успеале да ја свртиме ситуацијата и да се покажеме. Мора да го сториме тоа сега. Ние нема да зборуваме за поединци затоа што никој нема да почувствува дополнителен притисок, истакна Солскјер.

Јунајтед моментно го држи петтото место на табелата со 62 бода, исто како и четвртопласираниот Лестер, но „лисиците“ имаат дуел повеќе. Доколку слават против „чеканите“, екипата на Солскјер ќе има три бода повеќе од Лестер пред меѓусебната средба во последното коло во недела. Сепак, норвешкиот стручњак вели дека неговиот тим нема да има толку лесна работа во дуелот со избраниците на Дејвид Мојс, кој порано беше на негово место.

– Дејвид е фантастичен менаџер, знам дека ќе биде тежок натпревар затоа што постигнаа фантастични победи против Норвич, Ватфорд, Челси и го обезбедија своето место, што значи дека тој врши одлична работа. Ако успееме да останеме непоразени, тоа ќе значи дека ќе играме во Лигата на шампионите следната сезона, но сега се концентрираме на Вест Хем, знаеме кој е наша закана, истакна Солскјер.

Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Вест Хем е закажан за во среда во 19 часот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Смртниот биланс од поплавите во Тексас се искачи на 82 лица, меѓу кои и 28 деца

July 7, 2025

Судирот меѓу најмоќниот и најбогатиот човек во светот продолжува

July 7, 2025

Неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk