ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Зборувам сега додека цртаат карти, кога ќе почне тропање на врати, стрелање и околчување, не ме барајте

Оние кои се против насилството и меѓуетничката омраза, тие што го палат алармот за кој веќе станува и доцна, се најмногу плукани. Наместо да станат пример за општествена борба, да се создаде притисок системот да се справи со омразата, во оваа неказнивост, тие стануваат пример за тоа дека е подобро да молчиш, оти наведната глава сабја не сече. Така е тоа во општества заболени од долгогодишен клиентелизам и конформизам.

July 21, 2020 23:52
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Не е пријатно да си изложен на удари од сите страни. И од „своите“ и од „туѓите“. Но повеќе од ударите боли молкот и стравот од омразата и радикализмот, кои една мала група насилници и поборници на луди идеи успева да ги наметне врз цели општества.

Оние кои се против насилството и меѓуетничката омраза, тие што го палат алармот за кој веќе станува и доцна, се најмногу плукани. Наместо да станат пример за општествена борба, да се создаде притисок системот да се справи со омразата, во оваа неказнивост, тие стануваат пример за тоа дека е подобро да молчиш, оти наведната глава сабја не сече. Така е тоа во општества заболени од долгогодишен клиентелизам и конформизам.

Но да го парафразирам доктор Караџоски, за среќа, има и такви, цврсти како кучиња, кои нема да замолчат. Се сметам себе за таков, а има и многу како мене.

Знаеме ние добро што значи на Балканот цртање на етнички карти. Дали за „етничка“ Албанија, Србија, Македонија, Бугарија, Грција, Хрватска…последната таква се црташе на салфетка. Последиците се десетици илјади убиени луѓе, стотици илјади раселени, уништени многу семејства и судбини.

Затоа, зборувам сега, додека многу професори, интелектуалци, уметници, јавни фаци и разни други „деца си играат“ со етнички карти, а национализмот тропа жестоко на врата, соочувајќи се со одбрана составена од молк и „игнорирање“. Каква Мажино линија, која во првиот сериозен налет на фашистите ќе биде прегазена како селски поток!

Затоа, зборувам сега, додека многумина се лажат себе дека станува збор за играчка. А кога играчката ќе стане плачка, кога ќе дојдат да тропаат на врати, да спроведуваат во камиони и вагони, да стрелаат, да околчуваат и омеѓуваат, мене не ме барајте. Па не ме мислите ваљда до толку будала своеволно и мирно да си ги чекам џелатите! Тогаш ќе си ги барате и ќе се убедувате со овие што цртаат карти ?

#SFSN
#SledeTene

Next Post

Продолжува периодот на сончево и топло време

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk