Во последните 24 часа, потврдени се уште 412 случаи на инфекција со коронавирус во соседна Србија, а девет лица починале од вирусот, информираат српските власти.
Од почетокот на пандемијата во Србија се тестирани 591.350 лица, а потврдени се 22.443 случаи на инфекција. Во последните 24 часа биле тестирани 11.079 лица.
Вкупниот број на починати во Србија изнесува 508 лица. Хоспитализирани се 4.649, а 185 се приклучени на респиратори.