ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Активни 4079 случаи на заразени со Ковид-19, од почеток на епидемијата досега починаа 445 лица

По општини, во Скопје најмногу нови случаи се бележат во Чаир – 280, Аеродром – 204. Бутел – 141, Гази Баба – 206, Центар – 165, Карпош – 171, Сарај – 114, Кисела Вода – 169, Ѓорче Петров – 125, Студеничани – 107, Шуто Оризари – 108, Арачиново – 34, Илинден – 25, Петровец – 23, Чучер Сандево – 11, Сопиште – 20, Зелениково- 13, седум странци и 15 нерспределени.

July 24, 2020 07:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во моментов во земјава се активни 4079 случаи на заразени со Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега починаа 445, а се излекуваа 5145 лица. Вкупно се регистрирани 9669 заразени лица. Досега во земјата се направени вкупно 91015 тестирања на Ковид -19.

Се уште се во сила мерките за носење на заштита на пределот околу устата и носот, држењето на дистанца и негрупирањето. Сепак, како што посочуваат и надлежните, се помалку се почитуваат препораките, а бројот на заразени не се намалува. Во последниот период, откако се укинаа речиси сите рестрикции и се воведоа протоколи за функционирање, секојдневно се бележат по над сто случаи на новозаразени со Ковид-19.

Покрај групирањата забележани се и поголеми собири, како свадби, што е забрането во овој период. Граѓаните се се поделени мислења, едни сметаат дека потребно е повторно воведување на рестрикции, како полициски час, други пак дека со мерките не е постигнат потребниот ефект и оти е пресудна свеста на луѓето.

Во текот на предизборната кампања, а и по објавувањето на резултатите, политичките партии упатуваа критики едни кон други за непочитување на мерките за време на нивните настапи пред граѓаните. Во претходниот период беа регистрирани неколку заразени фукционери, а деновиве беше соопштено дека и министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерот за образование економија Крешник Бектеши се позитивни на Ковид-19.

Најмногу новорегистрирани случаи се уште се бележат во Скопје, каде во моментов се активни 1938, во Куманово 257, Дебар 114, Штип 349, Прилеп 51, Тетово 287,  Струга  189, Велес 27, Битола 46, Охрид 104, Кавадарци 18, Гостивар  217, Гевгелија 8, Струмица се активни 21, Крива Паланка 8, Радовиш  22, Крушево  10, Кочани 20, Пробиштип  27, Демир Хисар  18, Македонски Брод  6, Берово 1, Виница активни 1, Кратово 7, Свети Николе 192, Кичево  85, Ресен 53, Неготино активни три случаи.

По општини, во Скопје најмногу нови случаи се бележат во Чаир – 280, Аеродром – 204. Бутел – 141, Гази Баба – 206, Центар – 165, Карпош – 171, Сарај – 114, Кисела Вода – 169, Ѓорче Петров – 125, Студеничани – 107, Шуто Оризари – 108, Арачиново – 34, Илинден – 25, Петровец – 23, Чучер Сандево – 11, Сопиште – 20, Зелениково- 13, седум странци и 15 нерспределени.

Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти.

– Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, седум позитивни деца. Во ГОБ „8 Септември“ примени се седум нови, вкупно хоспитализирани се 101 пациент. На респираторна машина се пет пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19, соопштија од Министерството за здравство.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Тужбите до Управен суд не ги променија одлуките на ДИК

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски од Карпош: За 4 години ќе успееме да го обновиме овој руиниран систем

October 9, 2025

Сите заложници ќе бодат ослободени: Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

October 9, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 9 октомври

October 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Религија.мк: Владиката Петар во Москва служи литургија со Рускиот патријах Кирил – ќе се помоли за руската воена победа во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk