Мотото на ниовата концертна сезона 2020/21 на тенорот Влатко Груевски е “Живеј со музика” , мото кое има за цел да ги поттикне луѓето да се осврнат кон животот и неговата смисла, позитивните страни, секако надополнет со музика.
Во оваа концертна сезона, поради ситуацијата со корона вирусот бројот на настани ќе биде значително редуциран, дел од настаните ќе бидат онлајн, а дел според пропишаните протоколи за заштита од преносливата болест. Исто така скратено ќе биде времетраењето на концертите поради помала изложеност на ризик на посетителите.
Настаните исклучиво ќе се одржуваат на отворен простор. И во оваа концертна сезона тенорот Груевски ќе биде придружуван на пијано од својот уметнички соработник, пијанистот и диригент Андреј Наунов. Информациите за датумите, времето и место за одржување на настаните ќе биде објавено на фејсбук и инстаграм профилите на тенорот Груевски.