ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Скопје ќе одбележи 57 години од катастрофалниот земјотрес според строги протоколи

„МКЦ за Скопје“ на 26 јули ќе почне вечерта во 19:30 часот со изложба „Култните градби во Скопје“ – избор на фотографии од проектот „101 најзначајни градби во Скопје“. Изложбата ги претставува култните градби во градот Скопје, надополнета е и со видеопроекција.  Автори на фотографиите се Горан Јакимовски, Горан Георгиевски, Владимир Арсовски. Селектор е архитект Ѓоко Радовановиќ, а монтажата на видеото за изложбата е на Митко Арнаудов.

July 24, 2020 07:59
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 57 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени. Оваа година, поради специфичната состојба со пандемијата на Ковид-19, сите активности ќе се организираат согласно строгите протоколи за вакви настани на Владата и Министерството за здравство.

Општинската организација на Црвениот крст од Кисела Вода во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст на Град Скопје денеска ќе ја организираат традиционалната крводарителска акција. Акцијата ќе се одржи во Дневниот центар за дарување во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“, од 9 до 17 часот. Акцијата ќе биде спроведена по посебни протоколи поради Ковид-19.

Во рамки на одбележувањето на годишнината од земјотресот, Град Скопје и јавните културни установи традиционално ќе организираат голем број настани.

Музејот на Град Скопје организира изложба за големата трагедија што се случи на 26 јули 1963 година. Автор на изложбата „Скопска алеја на меѓународната солидарност“ е Зоја Богдановска, кустос советник историчар. Изложбата ќе биде поставена в сабота, во 20:00 часот, во Градскиот парк во Скопје, на платото пред споменикот Гоце Делчев. Изложбата ќе ја отвори градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

На 14 паноа акцент се става на клучните мигови по несреќата, на првата помош пристигната од тогашните југословенски републики, како и на испружената рака на светот за помош на настраданото население на Скопје. Содржината на изложбата исполнета со текстови, фотографии, карти и мапи, на публиката ќе ѝ понуди повеќе информации за она што било Скопје пред земјотресот, како и за она што станало Скопје во времето на хуманитарната и солидарна помош на граѓаните на светот.

В недела официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на Градските гробишта во Бутел.

„МКЦ за Скопје“ е насловен мултимедијалниот настан кој в недела, 26 јули, ќе го организира Младинскиот културен центар за одбележување 57 години од скопскиот катастрофален земјотрес. Настанот ќе се одржи во паркот на МКЦ по соодветен протокол и почитување на мерките за заштита. Бројот на посетители ќе биде ограничен, влезот е бесплатен, но со билети кои може да се набават преку bileti.mkc.mk.

„МКЦ за Скопје“ на 26 јули ќе почне вечерта во 19:30 часот со изложба „Култните градби во Скопје“ – избор на фотографии од проектот „101 најзначајни градби во Скопје“. Изложбата ги претставува култните градби во градот Скопје, надополнета е и со видеопроекција.  Автори на фотографиите се Горан Јакимовски, Горан Георгиевски, Владимир Арсовски. Селектор е архитект Ѓоко Радовановиќ, а монтажата на видеото за изложбата е на Митко Арнаудов.

Од 20 часот ќе биде промовирана книгата „Скопје: изгубените чевли на градот“ од Иван Шопов, која содржи осумдесетина микрораскази/куси записи посветени на „невидливиот“ дел на градот Скопје.

Мултимедијалниот настан во сеќавање на земјотресот од 1963-та ќе продолжи во 21 часот со учество на „Импров група“ и нивната претстава „Импров настап“ – заснована на игри за импровизација, адаптирани да се играаат пред публика.

Од 22 часот во рамки на „МКЦ за Скопје“ е музичката програма и концерт на бендот „Перија“ – во кој членуваат  Филис, Кате и Леа кои изведуваат музика на уд, перкусии, тамбура и кемане. По нив ќе настапи „21 век“ – бенд на  Васко Атанасоски, Раде Јорданоски и Дени Крстев кои истражуваат експресивна палета на влијанија – од постпанк до македонска традиционална музика, и бендот „Ен2три“ кој за оваа пригода ќе настапи со перформнсот „5:17“.

По повод 57-годишнината од скопскиот земјотрес, Кинотеката и Македонскиот центар за фотографија (МЦФ) премиерно ќе прикажат два документарни филма: „Првата светска војна, сеќавања” на Роберт Јанкулоски и „Преживеани спомени” на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска. Настанот, насловен „Сеќавања“, е закажан за 26 јули, со почеток во 21 часот.

Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Претставата „12“ на МТФ „Војдан Чернодрински“. Фото: МТФ „Војдан Чернодрински“

МНТ со претставата „12“ на Охридско лето

July 17, 2025

Роналдо прогласен за најдобар играч на сезоната во првенството на Саудиска Арабија

July 17, 2025

Вардар, Силекс и Работнички ги играат реваншите во првото квалификациско коло на КЛ

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk