Еден од најуспешните градоначалници, поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше и сѐ уште се вбројува во најнадежните кадри за иднината на партијата, Митко Јанчев, беше меѓу првите што побараа реформи и одговорност за изборните резултати од раководството на чело со Христијан Мицкоски. Од интервјуто на Јанчев за „Слободен печат“, издвојуваме:
– Резултатот од овие избори само покажува дека треба сериозно да се работи во иднина. Ова се четврти последователни избори на коишто ВМРО-ДПМНЕ има слаб резултат. Тоа покажува дека е време да се направат промени во раководството и во партијата. Треба да се движиме напред, со свежи идеи и широки видици.
– Секоја раководна функција ги сноси последиците од слабиот резултат. Тоа е секогаш така, не само во политиката. Доблест е да можеш да погледнеш назад, да ги издвоиш грешките, да ги забележиш на лист хартија, а потоа истите тие грешки да ти станат секојдневен потсетник за тоа како не треба. Но, понекогаш сме убедени во тоа дека нашите грешки всушност не се грешки, дека сме целосно во право. Но, секогаш е виновен првиот човек. За жал, и во овој случај е исто. Јас повикав на брз ремонт во партијата, затоа што тоа е мојата матична партија и чувствувам одамна дека треба нешто да се промени.
– Нов статут на партија се носи во мирно време, во едни поинакви случувања. Нов статут на партија не се носи ден по избори, на првиот централен комитет.
Целото интервју на Митко Јанчев за „Слободен печат“, ТУКА