Индија ги почна првите клинички испитувања на пробната вакцина против коронавирусот, во време кога земјата се наоѓа на третото место во светот со повеќе од 1,3 милиони заразени со Ковид-19.
Властите потврдија дека првата доза на пробната вакцина „Коваксин“ денеска му е дадена на еден волонтер, јавија американските медиуми.
„Коваксин“ е една од дваесетината вакцини што во моментот минуваат низ клинички испитувања во целиот свет.
Според американските медиуми, Индија од неодамна бележи драстично зголемување на бројот на лица со Ковид-19 во четвртина од вкупно 36-те федерални држави и територии во земјата./МИА/