ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

ДИК ги објави конечните резултати, новите пратеници ги добија уверенијата

July 26, 2020 08:14
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија вчера ги соопшти официјалните и конечните резултати од парламентарните избори што се одржаа на 15 јули. Според резултатите, Коалицијата „Можеме“ освои 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Левица 2 и ДПА 1 мандат. Веднаш по нивно објавување, се одржа и свечена седница за доделување на уверенијата на новите пратеници.

Според конечните резултати кои на вчерашната седница ги соопшти претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, Коалиција „Можеме“ предводена од СДСМ освои 327.408 гласа, односно 35,89%, освоени 46 мандати, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ – 315.344 гласови или 34,57%, односно 44 мандати.

Партијата ДУИ освои 104.699 гласови или 11,48% – 15 мандати. Коалиција Алијанса/Алтернатива освои 80.000 гласови или 8% – 12 мандати. Левица освои 37.426 гласови или 4,1% – 2 мандати и ДПА освои 13.930 гласови или 1.53% – 1 мандат.

Од партиите кои учествуваа на овие избори се Интегра со 12.291 глас или 1,35%, ГДУ со 3.555 гласови или 0,39%, МОРО работничка партија 3.245 гласови или 0,36 проценти, Глас за Македонија 2.800 или 0,31 процент, Единствена Македонија 2.600 гласа или 0, 29 проценти, СДУ 2.585 или 0,28 проценти, Твоја Партија 1894 гласови или 0,21 процент, Демократи 1558 гласови или 0,17 проценти, Народна Партија на Роми 1225 или 0,13 проценти.

Во првата ИЕ Коалицијата „Можеме“ освои осум пратеници, ВМРО-ДПМНЕ седум, ДУИ два, Алијанса на Албанците и Алтернатива два и Левица еден пратеник.

Во ИЕ2, ВМРО-ДПМНЕ и „Можеме“ освоија по седум мандати, ДУИ три, АА/А три пратеници. Во ИЕ3, ВМРО-ДПМНЕ освои 10 пратеници, „Можеме“ девет и Левица еден пратеник.

– Во ИЕ4 мандатите ги поделија ВМРО-ДПМНЕ и „Можеме“, односно по 10 пратеници. Во ИЕ5 ВМРО-ДПМНЕ и „Можеме“ освоија по осум пратеници, ДУИ три, и АА/А еден пратеник. Во шестката, ДУИ освои седум, АА/А шест, „Можеме“ четири, ВМРО-ДПМНЕ два и ДПА еден пратеник, појасни вчера Деркоски.

Во ИЕ 1, Коалиција СДСМ освои 54.000 гласови, 31,15 проценти, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 50.564 гласови – 31,63 проценти, ДУИ 19.488, 12,19 проценти, АА 14.337, 8,97 проценти, ЛЕВИЦА 12.000 7,51 проценти и ДПА 2,446 или 1,53 проценти од гласовите.

– Во Изборна единица 2, Коалиција СДСМ 47.891,31,21 посто , Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 47.929, 31,24 проценти, ДУИ 22.374, или 14,58 проценти, АА 20.912 или 13,63 проценти, ЛЕВИЦА 5.896 или 3,84 проценти и ДПА 2,517 или 1,64, појасни Деркоски.

Во ИЕ 3 Коалиција СДСМ 66.853 гласови или 42,81 процент, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 71.551 или 45,82 проценти, ДУИ 3.331 или 2,13 процнети, АА 992 или 0,64 проценти, ЛЕВИЦА 6.939 или 4,44 проценти и ДПА 242 гласови.

Изборна единица 4 Коалиција СДСМ 77.195 гласови или 46,76 проценти, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 74.478 или 45 проценти, ДУИ 293, АА 213 и ЛЕВИЦА 6.835 или 4,14 проценти.

Во Изборна единица 5, Коалиција СДСМ има 56.622 гласови или 36,67 проценти, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 55.159 или 35,72 проценти, ДУИ 21.745 или 14,08 проценти, АА 10.716 или 6,94 проценти, ЛЕВИЦА 4.715 или 3,05 проценти и ДПА 781 гласови или 0,51 процент.

Во Изборна единица 6 Коалиција СДСМ 24.229 или 19,67 проценти, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 15.663 или 12,71 процент, ДУИ 37.468 или 30,41 процент, АА 34.450 или 27,96 проценти, ЛЕВИЦА 1.041 или 0,84 од гласови и ДПА 9083 гласови.

По соопштување на конечните резултати, Деркоски свечено им ги додели уверенијата на пратениците во новиот собраниски состав. Уверенијата ги подигнаа СДСМ и Коалицијата „Можеме“, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ и ДУИ. Претставник на Алијанса за Албанците (АА) – Алтернатива по завршувањето на свечената седница на ДИК ги подигнал уверенијата за пратеници кои ги освои оваа коалиција.

Останати за врачување се уште три уверенија, на двајца пратеника на Левица и на еден на ДПА. – Истите ќе се врачат во понеделник кога или избраните пратеници или овластени лица од страна на наведените политички партии ќе ги подигнат од Државната изборна комисија, соопшти ДИК.

Овластениот претставник од Коалиција на СДСМ, „Можеме“, Бранко Георгиевски ги подигна уверенијата на пратениците од оваа Коалиција и се заблагодари на сите што учествуваа во овој изборен процес.

– Конечно дојдовме и до денот кога денеска веројатно јас не следев, но по моите сознанија ДИК прогласи конечност на резултатите. Поради пандемијата одлучивме на ваков начин да ги подигнеме уверенијата на коалицијата „Можеме“, истакна Георгиевски.

Во името на Демократска унија за интеграција уверенијата ги подигна нивниот претставник, Фитин Лога, кој на сите пратеници им посака успешна работа истакнувајќи дека изборниот процес поминал во ред и без никакви забелешки.

Дерковски поединечно им подели уверенија на ВМРО-ДПМНЕ од „Обнова на Македонија“ на по еден претставник од изборните единици, и им посака успешна работа, а партискиот генерален секретар Игор Јанушев ги подигна за останатите.

– Очекуваме дека во следниот период, а секако во законски предвидените рокови дека ќе не повикаат и на конститутивната седница на Собранието. Би сакал уште еднаш да се заблагодарам на буквално сите коишто го дадоа својот глас за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за „Обнова на Македонија“, истакна Јанушев.

Според Деркоски, изборите со оглед на тоа што се одвиваа во специфични услови, завршија добро. Првпат нашата држава, како што рече, се соочила со организација на избори во специфични услови, во пандемија од КОВИД -19 и за сите нас беше тоа предизвик. Додаде дека првиот, вториот и третиот ден од изборите поминале добро без забелешки а тоа го констатирало и МВР.

– Од февруари наваму во еден петмесечен период ДИК беше во интензивни активности за припрема и организација на овие избори коишто завршија. Мислам дека јавноста ќе се сложи и со нас дека првиот ден помина одлично на гласањето, вториот ден исто така без забелешки иако имаше зголемен број на пријавени за гласање во домашни услови и третиот ден, исто така помина одлична во смисла на организација, спроведување, одвивање на гласањето, немаше никакви посериозни забелешки од страна и на граѓаните и на присутните коишто го набљудуваа процесот и она што се случи вечерта со објавувањето на резултатите, вие сте сведоци дека беше предмет на напад од надвор, рече Деркоски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk