ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Над 16.3 милиони заразени со Ковид-19 во светот

July 26, 2020 19:12
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 16.317,533 лица. Од нив починале 650.260, а оздравеле 9.981,282 лица.

– Премиерот на Индија Нарендра Моди ги предупреди граѓаните да бидат „дополнително претпазливост“, поради постојаната закана од Ковид-19. За време на радио емитувањето на своето месечно обраќање до нацијата, Моди им порача на граѓаните дека е важно да практикуваат физичко дистанцирање и да носат маски за лице за да се потисне ширењето на вирусот, пренесува Гардијан. – Опасноста од коронавирусот е далеку од завршена, Таа се шири брзо на многу места. Мораме да бидеме внимателни, рече Моди.

– Во Индонезија потврдени се 1.492 нови случаи на коронавирус во претходните 24 часа, со што се зголеми вкупниот број на пациенти на 98.778 од почетокот на пандемијата, се наведува на веб-страницата на Министерството за здравство на оваа земја. Бројот на починати од последиците од Ковид-19 се зголеми за 67, и сега изнесува 4.781.

– Во последните 24 часа лабораториите на Институтот за јавно здравје на Црна Гора ја завршија ПЦР-анализата на 407 примероци за новиот коронавирус, меѓу кои 52 резултати се позитивни. „Нема пријавено смртни случаи поврзани со Ковид-19. Вкупниот број на потврдени смртни случаи од почетокот на јуни е 34“, објави ИЈЗ. Вкупниот број на активни случаи во Црна Гора во моментов е 2017.

– Дневното зголемување на бројот на починати од последиците од Ковид-19 во САД надминуваше илјада смртни случаи четири дена по ред минатата недела, додека во земјата се водат дебати во врска со отворање на училиштата и задолжително носење маски, со мрачни проценки за стапката на смртност од оваа болест. Вчера беа потврдени 900 нови смртни случаи, што е помалку од претходниот ден, кога оваа бројка беше 1.130, објави Си Ен Ен.

– Во Романија, коронавирус е потврден кај нови 1.120 лица во претходните 24 часа, со што вкупниот број на заразени лица изнесува 44.798. Уште 22 пациенти починале како резултат на Ковид-19, односно вкупно 2.187 од почетокот на пандемијата. Во болниците се хоспитализирани 6.662 лица поради Ковид-19, а меѓу нив, 351 пациент се во критична состојба. Од почетокот на пандемијата, 25.643 луѓе се излекувале од болеста..

– Вкупниот број на здравствени работници во Србија кои се заразени со коронавирусот е 690, изјави денеска заменик-директорот на Институтот „Трампилин“, д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ. Од нив, 72 се хоспитализирани, додаде таа. Во последните 24 часа, во Србија се регистрирани 467 нови случаи на инфекција.

-Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, од кои четири при направените тестови на влезните точки во земјата, а почина едно лице. Бројот на заразени се зголеми на 4.193 лица, а починаа вкупно 202 лица.

-Министерството за здравство на Кипар соопшти за четири нови случаи на Ковид-19 од 912 направени тестови, со што вкупниот број на регистрирани случаи се зголеми на 1.057.

– Во изминатите 24 часа, во Босна и Херцеговина се потврдени 263 нови случаи на коронавирус, од кои 109 се во Република Српска и 154 во Федерацијата БиХ. Тоа е мало намалување на бројот на новозаразени во однос на претходниот ден, кога во БиХ беа регистрирани 304 нови случаи.

– Во Русија, во последните 24 часа се пријавени повеќе од 5.700 нови случаи на коронавирус, како и уште 77 смртни случаи, соопшти Кризниот центар. Бројот на починати е значително помал од претходниот ден, кога во земјата беа регистрирани 146 смртни случаи. Бројот на заразени лица се зголеми за 5.765 на 812.485. Како резултат на коронавирусот во Русија, 13.269 лица починаа додека 600.250 луѓе оздравеја.

– Во Бугарија, во последното деноноќие се пријавени 189 нови случаи на кортонавирус, 81 повеќе од претходниот ден, соопшти Министерството за здравство. Во изјавата се вели дека биле тестирани 2.161 примерок. Вкупниот број на заразени лица од почетокот на епидемијата се искачи на 10.312, вклучително и 606 здравствени работници. Уште едно лице почина во изминатиот ден, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 338.

– Во Мексико, во последните 24 часа се пријавени 6.751 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број заразени изнесува 385.036, соопшти Министерството за здравство. Уште 729 лица починаа, така што вкупниот број на смртни случаи сега е 43.374.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Милановиќ: Ситуацијата во Хрватска е како во филмот „Вариола вера”

НАЈНОВО

FB / Bujar Osmani

Османи: Економски мерки за млади и за жени – субвенции, грантови и школа за претприемачки

October 9, 2025

Меџити: Скопската чаршија столб на развојот на економијата, туризмот и културата во Чаир

October 9, 2025
Скриншот

Вучиќ: Американските санкции за НИС ќе ги почувствуваат сите во Србија

October 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нетфликс може да ги купи правата за емитување на Лигата на шампионите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белгиските медиуми: Дуелот со Македонија може да биде решавачки за пласман на СП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Професорката Татјана Стојаноска Иванова: Герасимовски е најдоброто решение за Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk