„Слобода или смрт за Македонија“ – се зборовите, над и под камата и револверот, кои се испишани на знамето што го носи војвотката Рашела, водејки ги ѓоамити комитите на МВРО на „традиционалниот“ коњички поход до Крушево.
Ајде што комитите немале коњица и целата „традиција“ е новокомпонирана и партиска, ајде што ја ставила капата на контроверзниот Александров кој нема врска со Илинденското востание, туку, што е ова – слобода или смрт за Македонија?!
Вистинските комити се бореле со паролата „Слобода или смрт“. Не за Македонија. Со паролата, ќерките и синовите на Македонија, кои се бореле за својата татковина, искажувале спремност тие самите да се жртвуваат себе – за татковината.
Овие новиве ѓоамити комити, децении наназад, по се изгледа сакаат да ја жртвуваат татковината – за себе.
ФБ статус на Петрит Сарачини