Маршот кој денес започна од Чаир, а чија крајна дестинација е канцеларијата на ЕУ во центарот на Скопје, беше организиран затоа што иницијаторите на маршот, Алијанса за Албанците и Алтернатива сметаат дека на изборите „сериозно се оштетени демократијата и начинот на изразување на слободната волја на албанскиот граѓанин“.
Од видеото кое претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во живо го пренесува на својот профил на Фејсбук, се гледа дека речиси никој од присутните не се придржуваат кон мерките за заштита како одржување безбедно растојание од најмалку 2 метра и задолжително носење заштитна маска.
Д. Е.