ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

НАТО со повеќе од 40 научни трудови за справување со пандемијата на ковид-19

July 27, 2020 12:29
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ

Повеќе од 40 научни трудови за справување со различни аспекти на пандемијата на ковид-19 подготвила мрежата научници на НАТО во минатите три месеци во рамки на програмата на Алијансата за соработка во науката и технологијата. По повикот на Главниот научник на НАТО за наоѓање решенија за најголемите научни предизвици на ковид-19, научниците доставиле студии, меѓу другото, за тоа како подобро да се разбере и да се справи со дезинформациите за пандемијата, како да се одржат здрави војниците вклучени во сузбивање на пандемијата и поддршка на цивилните институции, примена на алатките на НАТО за научни анализи, примена на технологијата во обука за справување со пандемијата, лекции кои националните одбранбени системи ги научиле од пандемијата, но и етичката димензија на воената поддршка во сузбивање на пандемијата, пренесува „Мета.мк“.

– Имаме масивен одговор од сојузничката мрежа научници. Тоа покажува дека научниците брзо одговараат на предизвиците од ковид-19 и ја применуваат нивната научна експертиза во оваа витална задача – изјави д-р Брајан Велс, главниот научник на НАТО.

Се очекуваат уште студии, меѓу кои и неколку кои се подготвуваат во Центарот на НАТО за поморски истражувања и експериментирање.

Д-р Велс на 21 април упати барање до мрежата на НАТО од 6.000 научници, најголема научна мрежа во светот, и до Лабораторијата на НАТО во Ла Специја, Италија. Во фокусот на истражувањата се решенија за откривање на вирусот, зголемување на будноста и отпорноста и за периодот по пандемијата.

Повеќе од 5.000 научници работат со Организацијата на НАТО за наука и технологија (ОНТ), која располага со Центарот за поморски истражувања и експериментирање во Ла Специја, Италија, Канцеларијата за поддршка на соработката во Париз, Франција и Канцеларијата на главниот научник во штабот на НАТО во Брисел, Белгија.

Организацијата за наука и технологија има и класифицирана платформа за соработка каде што научници од сојузничките и партнерските земји соработуваат во справување со кризата, а Канцеларијата за поддршка на соработката ги координира релевантните истражувања, меѓу кои, во моментов, и развој на сценарија за итна медицинска нега, проекти за намалување на животниот век на вирусите и ласерско тестирање за присуство на вирусот САРС-КоВ-2 на примероци од плунка.

Next Post

Дали може да им се верува на апликациите за ковид-19?

НАЈНОВО

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025
Фото: Скриншот, видео од Х

(ВИДЕО) Тесла Cybertruck доби максимални пет ѕвездички на тестот за безбедност

August 23, 2025

Шукова и Мојсова: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk