ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Панчевски не се произнесе по обвинението, неговиот адвокат бара изземање на велешкиот Суд

Бранителот на Панчевски, адвокатот Петро Јамуро појасни дека не е јасно обвинението како што е вака поставено и побара од ОЈО да го прецизира.

July 27, 2020 16:57
in ДЕНЕС, ПРАВДА

Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски на денешната главна расправа пред Судот во Велес по обвинението за злоупотреба на системот АКМИС, одби да се изјасни дали го разбира обвинителнот акт, нагласувајчи дека не е подготвен за тоа и дека не се сретнал со неговите бранители.

– Јас немав можност од она што го видов како документација да се произнесам по обвинителниот акт, изјави Панчевски.

Судијката Валентина Георгиева нагласи дека Судот се уверил оти обвинетиот Панчевски не разбрал за што е обвинет и накратко ја изнесе содржината на обвинението.

Обвинетиот Панчевски побара Судот да му појасни на кој начин се повредени правата, кој е тој друг и какви последици има повредата на тие кривични права, бидејќи за тоа треба да има конкретни последици.

Бранителот на Панчевски, адвокатот Петро Јамуро појасни дека не е јасно обвинението како што е вака поставено и побара од ОЈО да го прецизира.

Тој рече дека сака да им укаже дека Владимир Панчевски е се уште вработен судија во Основен кривичен суд Скопје и има право на работен однос како судија.

Адвокатот Јанура уште додаде дека Судот е должен да сооопшти дали Владимир Панчевски е одјавен како судија и побара од велешкиот Суд да се обрати до Основниот кривичен суд Скопје да достави доказ дали фигурира Панчевски се уште како вработен.

Воедно тој побара од Судот мерката притвор на Панчевски веднаш да му биде укината, бидјеќи смета дека се додека е вработен како судија има право на имунитет и дека се прави повреда на тоа право.

На денешната главна расправа беа испитани четворица сведоци.

Една од сведоците Лилјана Спасевска, записничар во Онсовен суд 1 – Кривично одделение, потврди дека постоела листа со судии коишто ги добивале предметите рачно. Таа го спомна првиот случај на предмет на СЈО којшто завршил како предмет со звучни имиња кај судијката Татјана Михајловска која го добила и го работела по стариот закон на ЗКП.

Адвокатот на обвинетиот Панчевски, Петро Јанура побара изземање на судијката и на Основниот суд Велес поради, како што рече, негова нетрпеливост, и прераспределба на предметот на друг суд на надлежност.

Судијката и претседателот на велешкиот Суд моментно решаваат по ова негово барање.

Обвинетиот Панчевски, според обвинението поднесено од ОЈО Скопје, се товари дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, со негов параф и усно давал наредби на службеници што имале пристап во АКМИС-от рачно да се распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, и кажувал на кој судија да се распредели предметот, со што целосно се изигрувал системот кој требало автоматски да ги распределува предметите./МИА/

Next Post

Вработените на Гугл ќе работат од дома до следното лето

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk