ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Партиите во преговори за влада, СДСМ ја има поддршката од изборите, за ДПМНЕ е важно правото и правна држава, Алијанса тешко се гледа во иста влада со ДУИ

July 28, 2020 08:12
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот работен ден по официјалното објавување на конечните резултати од предвремените парламентарани избори одржани на 15 јули, партиите започнаа со најавите за преговори за формирање ново владино мнозинство.

СДСМ, преку партиско соопштение, најави дека ќе формира Влада која „ќе работи уште повеќе и уште подобро и ќе го испорача резултатот кој го очекуваат граѓаните“, на што ВМРО-ДПМНЕ одговори дека досегашната Влада предводена од социјалдемократите не сработила „апсолутно ништо“ и не успеала „да реализира ниту едно ветување кое го имаше во предизборна кампања“, па затоа граѓаните не заслужувале уште една таква Влада.

Социјалдемократскиот сојуз смета дека дека поддршката што ја добиле од граѓаните на предвремените парламентарни избори претставува „ветер во грбот и јасен сигнал за продолжување на патот“ што го трасирале за „парите да завршуваат кај граѓаните, да има правда и да бидеме дел од европското семејство“.

– Со победа на СДСМ и коалицијата, граѓаните недвосмислено потврдија дека сакаат државата да продолжи напред. Нема повеќе враќање назад, нема повеќе режим, неизвесност и несигурност. Граѓаните сакаат да живеат во економски напредна држава со европски вредности дома, држава во која законите се еднакви за сите и држава горда членка на НАТО и рамо до рамо еднаква со најмоќните земји во светот. Следува формирање Влада предводена од СДСМ која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните, велат од СДСМ.

Изминативе денови извори од партијата информираа дека водат неформални преговори за да се избере „најпогодниот коалициски партнер“.

Од ВМРО-ДПМНЕ засега нема информации дали и со кого преговараат за формирање парламентарно мнозинство, но велат дека прават напори за составување влада на принципиелни основи и европски вредности.

– За ВМРО-ДПМНЕ е важно да се почитува правото и правната држава и да се направи коалиција темелна на определбите за интеграција на државата во Унијата, но и коалиција која ќе ги почитува законите и владеењето на правото, информира партијата.

ДУИ веќе најави дека нема да коалицира со партии што не ги поддржуваат Рамковниот и договорите со Бугарија и со Грција, а партиската потпретседателка Теута Арифи минатата недела гостувајќи во отвореното студио на ТВ 24 изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не го гледа како партнер во новата влада.

Ние на нашиот конгрес имаме јасно ставени линии и тие се однесуваа на Охридскиот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија. Сметам дека ако се зборува за континуитет, се подразбира што е континуитет. Велам, додека нема официјален процес на разговори, комбинации може да слушате секакви, но јас мислам дека за ДУИ е важен тој процес на одржување на овие договори и апсолутно се поврзува со тие што ги креираа овие договори и кои апсолутно ги поддржуваа и работеа на тие договори, рече Арифи.

Алијансата на Албанците е на ставот дека е отворена за разговор со сите партии за коалицирање, но потенцира дека со ДУИ потешко се гледа во ист владин состав, иако и таква коалиција не е исклучена како опција. Партијата смета дека што поскоро треба да се формира политичка и кредибилна Влада, чиј еден од главните приоритети ќе бидат преговорите за членство со ЕУ.

Левица засега најавува опозициско дејствување, иако нејзиниот лидер Димитар Апасиев не ја исклучува можноста партијата да поддржи евентуална влада што би ја формирале ВМРО-ДПМНЕ и сите останати партии на Албанците без ДУИ./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Туристичките работници утре на мирен протест пред Владата

НАЈНОВО

FB / Bujar Osmani

Османи: Економски мерки за млади и за жени – субвенции, грантови и школа за претприемачки

October 9, 2025

Меџити: Скопската чаршија столб на развојот на економијата, туризмот и културата во Чаир

October 9, 2025
Скриншот

Вучиќ: Американските санкции за НИС ќе ги почувствуваат сите во Србија

October 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нетфликс може да ги купи правата за емитување на Лигата на шампионите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белгиските медиуми: Дуелот со Македонија може да биде решавачки за пласман на СП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Професорката Татјана Стојаноска Иванова: Герасимовски е најдоброто решение за Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk