ЈОВАНОВИЌ : Веднаш да бидат казнети и објавени фирмите што добиле државна помош а не им ги исплатиле парите на работниците.
НИКОЛА Наумоски: Универзална нема да се руши, туку ќе се гради, прашањето е каде. Девет тези за Универзална сала.
РЕЧИСИ 10.000 деца умираат месечно од глад поради пандемијата со Ковид-19. Тоа се должи на ограничувањата наметнати како мерки против ширење на коронавирусот, соопштија од ОН.
ТВИТЕР и Фејсбук отстранија видео на Трамп поради ширење лажни информации за Ковид-19.
КАТАЛОНИЈА забрани неформални забави на отворено популарни кај младите луѓе, со предупредување дека сите кои ќе учествуваат ќе бидат казнети со парична казна до 15.000 евра.
ИТАЛИЈА со план за продолжуавње на вонредната состојба до 31 октомври.
ПОВЕЌЕ од една четвртина од населението во Германија се имигранти или имаат имигрантско потекло, покажуваат официјалните податоци за 2019 година.
ВЛАДАТА на денешната 78. седница ја усвои Информацијата за учество на Република Северна Македонија во мисијата на НАТО во Косово – КФОР.
ПРЕПОРАКА до приватниот сектор во Штип, да го искористат годишниот одмор, посебно таму каде има заразени вработени.
J. Ѓ.