ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

АЛЗП ја проверува безбедноста на личните податоци во ДИК

July 29, 2020 16:13
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) информира дека започнала постапка за спроведување на супервизија над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци и нивната заштита од страна на Државната изборна комисија (ДИК), а поврзано со, како што посочуваат оотаму, неодамна настанатите безбедносни инциденти во врска со одржаните вонредни парламентарни избори 2020 година.

-Вечерта по одржувањето на вонредните парламентарни избори 2020 година, на 15 јули 2020 година, се случи инцидент каде одреден период не беа достапни веб страниците, односно веб услугите на ДИК. ДИК обработува голем број на лични податоци по својот обем и категории кои се поврзани со изборниот процес, а од кои одредени категории на лични податоци се достапни и по електронски пат. АЗЛП во врска со објавените информации за настанат инцидент, по службена должност ќе истражи и провери дали дошло да нарушување на безбедноста на личните податоци кои се обработуваат од страна на ДИК, односно дали обработката на личните податоци била, односно е во согласност со правилата на Законот за заштита на личните податоци „Службен весник на Република Северна Македонија 42/20), се вели во соопштението од АЗЛП.

Од Агенцијата потенцираат дека согласно членот 37 став (1) од Законот за заштита на личните податоци „во случај на нарушување на безбедноста на личните податоци, контролорот (во конкретниот случај ДИК) веднаш и не подоцна од 72 часа откако дознал за истото е должен да ја извести Агенцијата за нарушувањето на безбедноста на личните податоци, освен ако не постои веројатност нарушувањето на безбедноста на личните податоци да создаде ризик за правата и слободите на физичките лица, што Комисијата не го направила.

-Кога известувањето до Агенцијата не е поднесено во рок од 72 часа, заедно со известувањето треба да биде доставено и образложение за причините за доцнењето. До моментот на отворање на постапка за супервизија, ДИК нема доставено известување за нарушувањето на безбедноста на личните податоци. Оттука, согласно важечката законска регулатива ваквата фактичка состојба во конкретниот случај дава основ за претпоставка дека или не станува збор за нарушување на безбедноста на личните податоци кое може да создаде ризик за правата и слободите на физичките лица, или дека ДИК не доставила известување до АЗЛП во законски утврдениот рок од 72 часа од моментот на дознавањето за нарушувањето на безбедноста на личните податоци, велат од Агенцијата за заштита на личните податоци и додаваат дека очекуваат во текот на супервизијата целосна соработка од страна на ДИК.

Во зависност од исходот на постапката, АЗЛП посочува дека има надлежност да изрече соодветни мерки согласно Законот за заштита на личните податоци.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Тричковски го продолжи договорот со АЕК Ларнака

НАЈНОВО

Уапсен Борче Марковски: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

October 9, 2025

МФ: Се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра

October 9, 2025
Стевчо Јакимовски

Јакимовски: Мицкоски сака да им продаде мачка во вреќа на карпошани

October 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нетфликс може да ги купи правата за емитување на Лигата на шампионите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белгиските медиуми: Дуелот со Македонија може да биде решавачки за пласман на СП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова гимназија во Аеродром и трипати поголема поддршка за младински проекти, ветува Шукова

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Професорката Татјана Стојаноска Иванова: Герасимовски е најдоброто решение за Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Борче Марковски: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk