ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Американската Влада со помош од 10 милиони долари за регионот за борба со Ковид-19

Американскиот Стејт департмент соопшти денеска дека американската администрација одвоила вкупно 20,5 милијарди долари во рамките на глобалната борба против пандемијата, вклучително и развој на вакцини и методи на лекување, превенција на болести и помош на странски земји.

July 29, 2020 20:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија добила 1,5 милиони од САД за борба против коронавирусот за лабораториски системи, следење и контрола на движењето на инфекцијата, технички експерти, здравствена комуникација и слично. Во изминатите 20 години, вкупната американска помош за Скопје надмина 738 милиони долари, од кои 11,5 милиони се инвестирани во здравствена заштита. Тоа го нагласува Стејт департментот и УСАИД во соопштение.

Од почетокот на пандемијата, американската Влада ги поддржала системите за јавно здравје во 120 земји низ целиот свет со повеќе од 1,5 милијарди долари, а речиси 10 милиони долари од таа сума се наменети на Западен Балкан за борба против новиот коронавирус.

Американскиот Стејт департмент соопшти денеска дека американската администрација одвоила вкупно 20,5 милијарди долари во рамките на глобалната борба против пандемијата, вклучително и развој на вакцини и методи на лекување, превенција на болести и помош на странски земји.

Србија доби повеќе од два милиони долари здравствена помош од американските власти, за масовно тестирање на населението за вирусот, воведување нови технички методи за лекување и превенција на болести, подобрување на размената на информации за ризици и подобрување на хигиенските практики кај домаќинствата.  САД во изминатите 20 години инвестирале повеќе од милијарда долари помош во Србија, вклучително и 5,4 милиони во здравствената заштита.

Од избувнувањето на пандемијата, САД издвоија 2,2 милиони американски долари за здравствениот систем на Босна и Херцеговина,  за подобрување на лабораторискиот систем, следење на болести, здравствена комуникација и други здравствени цели. Во изминатите 20 години, САД и помогнале на БиХ со повеќе од 1,1 милијарди американски долари, од кои 200.000 американски долари се наменети за здравство.

Вашингтон и дал на Црна Гора 300.000 долари за борба против пандемијата, вклучително и мобилизација на дополнителни волонтери на Црвениот крст, зајакнување на навремени и точни информации за Ковид-19 и координација на партнерите вклучени во борбата против вирусот. Претходно САД и помогнаа на Црна Гора со повеќе од 332 милиони американски долари, вклучително и милион американски долари за системот на здравствена заштита.

САД му помогнаа на албанскиот здравствен систем да се бори против Ковид-19 со над два милиона американски долари, вклучително и за лабораториите, контролирајќи го ширењето на инфекцијата, здравствените комуникации и техничка експертиза. Вкупната помош на САД за Албанија надмина 693 милиони долари за 20 години, од кои 5,8 милиони се за здравствена заштита.

САД за регионот на Европа и Евроазија, во кои се вклучени Италија, Грција, Турција, Украина, Русија, Ерменија, Азербејџан, Грузија, Белорусија, Бугарија, Молдавија и Романија, за време на пандемијата за борба болести издвоиле околу 100 милиони американски долари помош./МИА/ 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судење за убиството на Вања и Панче, Палевски презентира докази за бројот на учесници во грабнувањето на Жежовски

May 16, 2025

Трамп: Сакам да се сретнам со Путин што е можно поскоро

May 16, 2025

Поднесено обвинение за силување против 37-годишен скопјанец

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Зеленски по пристигнувањето во Турција: Руската делегација е застапена од заменски реквизити

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Втора полуфинална вечер на Евросонг – 16 земји се борат за место во финалето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk