Поставени се четири амбуланти, кабинети и две засебни простории за дневни болници за сместување амбулантските пациенти, напиша министерот за здравство, Филипче на својот профил на Фејсбук.
Интензивно работиме и на доопремување на модуларната амбуланта со медицинска и немедицинска опрема. Во есенските месеци, бројот на пациенти со белодробни заболувања се зголемува и поради тоа пациентите кои имаат било каква белодробна симптоматологија целосно ги одделуваме од сите други пациенти. Монтажната амбуланта е исклучително важна во наредниот период и ги исполнува најсовремените стандарди за работа, вели Филипче во објавата на Фејсбук.