Целта на истражувањето спроведено од детската амбасада Меѓаши е да се испитаат ставовите и искуствата на родителите чии деца се вклучени во образовниот процес.
Во насока на поддршка на потребите на децата и адекватни препораки до Министерството за образование и наука (МОН) за најсоодветно организирање на претстојната училишна година 2020/2021, за Првата детска амбасада во светот Меѓаши од исклучително значење е да ги слушне размислувањата и ставовите на родителите/старателите.
Анкетата е едноставна и ги опфаќа сите сегменти од спроведувањето на образовниот процес во услови на можен втор бран од Ковид-19.
Родителите/старателите можат да дадат и свои сугестии на прашањата и да ги наведат проблемите со кои се соочиле во текот на претходната учебна година, откако беше воведена наставата на далечина.
Истражувањето можете да го најдете ТУКА.