ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кога можат воловите, можеме и ние

Истите луѓе, припадници на различните генерации израснати во духот на еднаквоста меѓу сите луѓе, сега живеат живот во кој им посакуваат добредојде на пораките и идеите за поделби, одмазда и терор во своите глави. Историските факти станаа лаги на „мрачните заговорници“, а митовите и легендите за некои други ликови, искривени до непрепознатливост, станаа „новата вистинска вистина“.

July 31, 2020 11:00
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

„Оние што може да ве убедат во апсурди, можат да ве убедат да извршите ѕверства“, напиша Волтер во своите „Писма за чудата“ во 1765 година. Два и пол века подоцна, неговите зборови одекнуваат со застрашувачка актуелност.

Отидовме многу далеку. Живееме со луѓе кои не гледаат ништо лошо во масакрите, погубувањето на политичките неистомисленици и етничкото чистење. Некои од нив тоа и отворено го пишуваат и кажуваат. Некои стануваат пратеници и функционери со крвавата наметка на злосторствата против човештвото на своите рамена.

Со генерации наназад, ги учевме историските факти, благо помешани со митовите и легендите (како и секаде низ светот), за луѓе кои верувале во слободата и еднаквоста на сите луѓе, во нивното заедништво. Од мали нозе учевме за тоа дека вреди дури и да се умре за слободата на сите луѓе, без оглед на нивната припадност. Тоа време, тие сништа и борби, тие крвопролевања, сето тоа можевме да го оставиме во минатото, во книгите со историски факти, проткаени и со по некоја не сосема вистинита легенда… И немаше потреба (никој да нè тера) да умреме за слобода, туку доволно беше само да живееме во неа и меѓусебно да се почитуваме.

Истите луѓе, припадници на различните генерации израснати во духот на еднаквоста меѓу сите луѓе, сега живеат живот во кој им посакуваат добредојде на пораките и идеите за поделби, одмазда и терор во своите глави. Историските факти станаа лаги на „мрачните заговорници“, а митовите и легендите за некои други ликови, искривени до непрепознатливост, станаа „новата вистинска вистина“. Со бескрајна леснотија се прифаќаат комодитетот, тапоста и глупоста како најприфатливи состојби. Кога можат воловите, можеме и ние…

Илинден е еден од оние датуми за кои учевме уште во школските клупи. Учевме за жртвата на малкумина храбри луѓе кои се кренале против тиранијата на властите, повикувајќи на отпор и борба за слобода и еднаквост на сите луѓе од сите заедници, обраќајќи им се со браќа и сестри, како и оние што половина век подоцна се обраќаа со другарки и другари. Едната револуција траеше 13 дена, другата се претвори во социјалистички систем што траеше половина век.

Дојде време и ни ги одзедоа сите тие датуми. Тие датуми што му даваа ритам на нашето секојдневие, нè собираа околу една заедничка трпеза, станаа денови на зла крв, од кои кај луѓето се раѓаат чувства на страв, гнев, револт, па и гадење. Не е нималку наивно. Кога ќе му одземат на човек сеќавања и знаења, тоа е како да му одземаат дел од животот. Кога истите тие сеќавања и знаења ќе ги уништат, а на нивното место ќе всадат лаги чија што будат ниски страсти и крволочност, тоа е како план за масовно убиство. Ова се времиња кога фактите стануваат неважни. Големите машинерии за мелење на човечки мозоци ја убедија толпата во ноторни и плитки лаги. Пораките не се засноваат на факти, не му се упатуваат на разумот, туку на емоциите. Политичарите не зборуваат за вистинити и реални нешта, туку си играат со стравот и надежите, љубовта и омразата, како со џамлии. (Појаснување: Џамлии се стаклени топчиња со пречник од 1 до 2 сантиметри кои се користеа за една древна игра за која денешните деца не знаат, а која ни јас не ја играв, бидејќи бев „бубалица“ и „мамин син“.)

Нејсе, сè отиде по ѓаволите. Се занимаваме со дивјаци кои имаат многу пари и диктираат темпо во јавноста. Полудени од жед за пари и моќ, без морал и разум, во суштина гротескни и грди, но несвесни за грдотијата, бидејќи се плитки, насилни и арогантни… Ете, со нив се занимаваме, понекогаш и премногу. Наместо да им плукнеме в лице на криминалците и злосторниците, ги третираме како рамноправни соговорници. Но… Тоа е друга приказна која веројатно има врска со постојаната дефанзива во која се наоѓаат тие што ги негуваат високите човечки вредности.

Идеите за еднаквост, заедништво и слобода се достапни за сите, тие се општо добро. Поделбите и насилствата се бизнис од кој профитираат малкумина, а страдаат многумина. А за да профитираат малкумина, потребно е многумина да станат барем како телиња. Со оваа „среќна“ мисла, ќе го завршам денешниот галоп низ мислите, сеќавањата и датумите што ни ги одзедоа.

Честит Илинден и честит Курбан Бајрам на сите што на било кој начин ги одбележуваат и слават овие денови со чиста мисла и добра намера.

 


Сите права се задржани.
Next Post

СЗО: Да се укинуваат мерките за меѓународни патувања, да се одредат приоритети

НАЈНОВО

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk