ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

На денешен ден во 1944 година загина Антоан де Сент Егзипери, деталите околу неговата смрт остануваат мистерија

July 31, 2020 15:29
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Антоан де Сент Егзипери е француски писател, поет, авијатичар и репортер, кој во светот е познат по неговото култно дело, Малиот принц. Pоден e на 29 јуни 1900 во Лион, Франција, а починал на денешен ден во 1944 некаде над Средоземното Море, полетувајќи од авионската база во Корзика, лет од кој никогаш не се враќа и исчезнува без трага.

Неговата смрт и до денешен ден останува мистерија.

Пред неговата смрт, францускиот генерал и подоцнежен претседател Шарл де Гол, јавно изјавил дека писателот-пилот ја поддржува Германија. Ваквото јавно мислење го фрлило Сент-Егзипери во депресија, и тој почнал да пие алкохол во големи количини. Неговото здравје, ментално и физичко почнало да се влошува. Повеќето знаеле дека Сент-Егзипери е депресивен и се дискутирало да му се одземе летачката дозвола. Последната мисија на Сент-Егзипери била да ја надгледува германската армија во и околу долината на реката Рона некое време пред прочуената операција „Драгун“.

На денешен ден во 1944, иако му било дозволено да лета на уште само пет мисии, тој полетал со невооружен Р-38 на девета мисија по ред од авионска база во Корзика. Ова е последниот лет на Антоан Сент-Егзипери, кој никогаш не се врaтил и исчезнал без трага. Неговото исчезнување станува главен наслов на меѓународно ниво.

Некое време подоцна, некоја Французинка изјавила дека видела пад на авион близу нејзиниот дом, кој наскоро бил најден близу Марсеј, а телото во авионот било закопано, со претпоставка дека станува збор за Сент-Егзипери.

Во септември, 1998, Жан-Клод Бјанко, рибар, пронашол јужно од Марсеј, сребрена алка на која биле врежани имињата на Сент-Егзипери и жена му Консуело. Откривањето на алката било емоционален настан во Франција, каде веќе во тоа време Сент-Егзипери бил национална икона, а некои се прашувале за автентичноста на алката бидејќи била најдена далеку од претпоставената летачка траекторија, што имплицира дека авионот не бил соборен.

Во мај 2000, Лук Ванрел, нуркач, ги нашол остатоците од P-38 расфрлани низ илјадници метри квадратни на морското доно на брегот на Марсеј, каде претходно била најдена алката. Откритието ја разгорило земјата, која со децении го барала возилото и спекулирала за смртта на пилот. По две годишно одложување од страна на француската влада, остатоците од авионот бил преземани во октомври, 2003.

На 7 април, 2004, Патрик Гранжан, тогашниот француски министер за култура заедно со Фредерик Солано, капетанот на француските воздушни сили, како и неколку истражители од француското подводно арехолошко друштво потврдиле дека најдените остатоци навистина припаѓале на авионот на Егзипери. Никакви дупки, ниту знаци од пукање не биле најдени, иако ова е неважно бидејќи само мал дел од авионот бил зачуван.

Во јуни, 2004, фрагментите биле дадени на музејот за вселенски објекти во Ле Бурже, Париз, каде животот на авторот е комемориран во посебен излог.

И.Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk