Речиси и да нема плажа во светов каде се почитува носењето маски, такви се снимките од Ница, Кан и други места, вели д-р. Никола Пановски за Телма.
„Оттука и дилемата колку е изводливо и можно да се носат маски во вода и на плажа. Полицијата во Охрид од 28 до 30 јули по плажите на охридското крајбрежје изрекла 216 казни заради неносење маска, вели микробиологот.
Пановски вели да не се носат нелогични протоколи. Според него, подобро е плажите да се затворени одошто да се носат маски.