ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МФ: Јавниот долг во второ тримесечје 59,5 проценти како резултат на Ковид-19 кризата

August 2, 2020 13:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5 отсто, додека државниот долг 50,7 проценти, соопшти Министерството за финансии.

Покачувањето на јавниот и државниот долг во вториот квартал, како што посочуваат оттаму, се должат пред се на повлекувањата на средствата преку еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монетарен фонд, со цел обезбедување на ликвидност во време на КОВИД-19 кризата, обезбедување на средства за реализација на антикризните мерки и непречено извршување на буџетот и покрај кризата, односно покривање на зголемениот дефицит поради падот на приходите како резултат на КОВИД кризата.

– Jавниот долг, кој ги вклучува државниот, гарантираниот и негарантираниот долг заклучно второто тримесечје од 2020 изнесува 59,5 проценти од БДП, што споредено со претходното тримесечје претставува зголемување за 8,8 процентни поени. Државниот долг заклучно второто тримесечје е 50,7 отсто од БДП, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени, информираат од Министерството.

На промените на јавниот и на државниот долг, наведуваат, влијае повлекување на средства од склучени кредитни аранжмани со странски кредитори за вториот квартал од 2020 година во износ од 928,7 милиони евра, од кои 909,4 милиони евра за кредити на општа влада – 700 милиони евра за издадената Еврообврзница и 176,5 милиони евра од кредит од ММФ за Проектот за финансиска поддршка од инструментот за брзо финансирање за време на вонредна состојба, како и 19,3 милиони евра за заеми на јавните претпријатија. Има и повлекување по основ на држвни хартии од вредност во износ од 127,7 милиони евра.

– Во овој период освен повлекувања, имаше и отплати кои влијаеа на висината на јавниот и на државниот долг, како отплатата на рата за обврзница за денационализација која доспеа на 1 јуни 2020 година во износ од 7,98 милиони евра и отплата на обврски по основ на главнина од претходно земени заеми надворешен долг за вториот квартал од 2020 година изнесува 60,4 милиони евра, од кои отплата на главнина на општа влада во износ од 38,01 милиони евра и отплата на долг на јавни претпријатија во износ од 22,39 милиони евра, се вели во соопштението.

Проекциите за до крајот на годината се дека јавниот долг ќе се задржи на 59,6 посто од БДП, додека државниот ќе се намали на 49,6 отсто од БДП.

– До крајот на годината, поголеми повлекувања кои се очекуваат се првата транша од Заемот за макрофинансиска помош од Европската комисија  во износ од 80 милиони евра, додека поголема отплата до крајот на годината е отплатата на Еврообврзницата земена во 2015 година во износ од 178,330,000 евра која доспева на 01 декемри 2020, понатаму главнина за заемот од Дојче банка во износ од 13,5 милиони евта која доспева на 10 декември и краткорочниот заем од домашни комерцијални банки во износ од 132,5 милиони евра кој доспева исто така во декември, се наведува во соопштението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Каранфилова – Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

May 15, 2025

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk