ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Кој се плаши од метафорите на Тричко?

October 10, 2025 00:38
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Јане Ѓорѓиоски.

Јане Ѓорѓиоски.

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Тричковски или го разбираш во сиот негов богат колорит од метафори и други преносни литературни украси, спакувани маестрално, или го разбираш.

Трето нема.

Односно, третото може да биде дека се правиш наивен дека не знаеш што Тричко сака да каже со метафорите, ама бидејќи си адвокат на Ѓаволот а сега и пендрек министер па ќе правиш притисоци врз новинари и колумнисти што нели се дрзнуваат да искажат јавно мислење, а сега си препознал инцидент и трк пред врата.

Или пак дека си еден инфериорен потпросечен новинарчич што со сите сили се обидува да ја елиминира колумнистичката и пред се литературна величина на Тричкоски, а никако да му успее.

Или трето може да биде… туку ајде сега да не завршам и јас во полициска станица.

Еве за што ми е муабетот:

Авторот и колумнист на Фронтлајн, Бранко Тричковски вчера бил повикан на информативен разговор во полициската станица во Лисиче откако негов ироничен коментар на Фејсбук предизвикал „бурни реакции“ во јавноста и притисок од провладини кругови.

Тричковски, коментирајќи за случајот со „куферот“ оставен на плоштадот ВМРО, напишал:
„Најголем предизборен штос би направиле кога во куферот би го напикале распарчаното тело на Христијан!“

Поканата за информативен разговор му била доставена на врата од неговиот дом од полицајци, а Тричковски во објавата опишува дека отишол во полициската станица доброволно.

„Навлеков панталони, ги обув ‘хоганките’ и трк до ‘Ланчата’. Правец: Лисиче!“, пишува тој, додавајќи дека бил сослушан од инспекторска двојка – „убава и убаво дотерана жена и млад сталожен човек“ кои го третирала коректно.

Според Тричковски, полицијата го прашувала дали со „Христијан“ мислел на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој вели дека јасно објаснил: „Не, им реков, Христијан е општо име за манипуланти кои шират атмосфера на страв и несигурност. Жал ми е ако некој името Христијан го разбрал поинаку.“

Тричковски пренесува дека пред неговото сослушување: инспекторката му рекла дека во полициските служби пристигнале реакции од провладини медиуми и од вмро-дпмне – „Веќе има реакции од ‘Република’, од ВМРО-ДПМНЕ, дека се бара оградување од СДСМ бидејќи мене ме сметале за идеолог или нешто слично,“ наведува тој.

Тричковски како што пишува во објавата им објаснил дека целта на коментарот била критика на „неподносливото ниво на манипулација со јавноста“ во предизборната кампања — практики кои се користат за мобилизација на гласачкото тело преку исфабрикувани информации. „Тоа се дејствија преку кои се произведува мобилизација на гласачкото тело со лажни, исфабрикувани информации,“ пишува тој.

…

И сега, кои се јавните прашање што произлегуваат од овој случај?

Дали државните институции под влијание на партиски притисоци вршат диспропорционален надзор над јавното мислење и – кога сатиричен или провокативен јазик богат со метафори преминува во причинител за правно-полициска интервенција?

Или, Тричковки е државен непријател нумеро уно, капо ди тути капи и треба да се сосече во корен?

Ма да се делка со сатор и да се спакува во куфер и да се фрли куферот во… еве нека биде на Бихачка!

Тоа да служи за ум на сите што го следат и што му се воодушевуваат на умешноста, анализата, аналогијата и проникливоста да ги држи со дух и ентузијазам во овие најскапани времиња кастрирани од литература, сатира и метафори.

Следно, (може да биде) нека се запалат сите на клада што ставиле лајк кај Тричко, а на оние што скришум го читаат и не оставаат импресии, да им се одреди затворски притвор.

А? Кое е главното јавно прашање драги мои?

И „Христијан на Тричковски и „другарите“ што се плашат од неговите метафори“, е исто добар наслов.

Ајт!

Tags: Бранко ТричковскиЈане Ѓорѓиоски
Next Post
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 10 октомври

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk