Ајан за Нова година ми шепна дека има само една желба – да си оди дома! Конечно Ајан истрча и со нетрпение ѕвонеше на ѕвончето колку што може посилно, да слушнат сите дека оздраве и дека победи, но и дека сега ништо нема да го сопре! Браво Ајан!, објави министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи.
Благодарност до целиот медицински тим на Клиниката за детски болести, кои го даваат својот максимум за грижата за нашите најмали и најмили. Горд сум на вас!, напиша Филипче.
Екипата на Фронтлајн му посакува на Ајан безгрижно детство и долг живот.