ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гутереш: Милијарда ученици погодени од затворањето на училиштата поради коронавирусот

Гутереш истакна дека враќањето на учениците во училниците треба да биде „главен приоритет“.

August 4, 2020 08:48
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш рече дека пандемијата на коронавирус довела до најголемо нарушување на образованието во историјата со затворените училишта во повеќе од 160 земји во средината на јули, со што се погодени повеќе од милијарда ученици.

Покрај тоа, Гутереш рече дека најмалку 40 милиони деца во светот ја пропуштиле „својата критична предучилишна година“.

Како последица на тоа, тој предупреди дека светот се соочува со „генерациска катастрофа што може да доведе до губење на незамислив човечки потенцијал, да поткопа децениски напредок и да ги влоши вкоренетите нееднаквости“.

 – Се наоѓаме во одлучувачки момент за децата и младите од овој свет, рече Гутереш во видео пораката по повод почнувањето на кампањата на ОН наречена  „Да ја спасиме нашата иднина“.

Тој рече дека одлуките што владите и партнерите сега ќе ги донесат ќе имаат трајно влијание врз стотици милиони млади и врз изгледите за развој на земјите во наредните децении.

Гутереш истакна дека враќањето на учениците во училниците треба да биде „главен приоритет“.
– Кога локалниот пренос на Ковид-19 ќе се стави под контрола, враќањето на учениците во училиштата и образовните институции што е можно посигурно мора да биде главен приоритет, рече шефот на ООН, додавајќи дека консултациите со родителите, старателите, наставниците и младите се од основно значење.
Next Post

Вечерва отворање на јубилејното 60-то издание на „Охридско лето“ со концерт посветен на Ана Липша Тофовиќ

НАЈНОВО

kristen stewart

(ВИДЕО) Кристен Стјуарт: Холивуд е во вонредна состојба поради родовата нееднаквост

November 6, 2025

Ѓорѓиевски ја презеде функцијата: Вечерва почнува чистењето на Скопје

November 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Јутјуб

(ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk