ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Меѓу апетитите, уцените и европскиот пат

Проблемот во македонската политика е тоа што цената за учество во коалициона влада секогаш е превисока. Сите имаат подолга листа со барања отколку што им е долга листата со ветувања дека ќе работат вредно, чесно и професионално, за доброто на државата. Така, пратеничките мандати стануваат бројки, односно адути за трговија и, простете, уцена.

August 4, 2020 13:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Влегуваме во десетдневен период на интензивни преговори за составување на влада. Време на полувистини, шпекулации, анализи и квази анализи… Што е неопходно да знаеме? Основно е да поставиме сопствен систем за навигација низ политичкиот лавиринт, да не им веруваме слепо на оние што сакаат само да ги потврдат нашите предрасуди и што сакаат да нè одржат во состојба на страв и неизвесност. Да го извлечеме најдоброто од ситуацијата во која се наоѓаме, кога едни сакаат да ја туркаат евроатлантската агенда, други работат на спас од правдата, а трети (најмногубројни се) гледаат да зафатат што е можно подобри позиции во системот за да (продолжат да) го цицаат и понатаму.

Сите сме читале брифинзи за тоа како течат преговорите на политичките партии за состав на влада, за надминување кризни состојби, за закони со кои (не) може да се спроведат реформи или да се донесе правда и за други важни теми. Има официјални, но уште повеќе неофицијални брифинзи, а некои ги измислуваат самите новинари, за да го привлечат вниманието на публиката и да испадне дека, ете, и тие имаат извори во (полу) затворените политички кругови. Често знаеме и погрешно да протолкуваме, па со тоа за момент и да ја поматиме сликата за тоа што навистина се случува. Нè очекува извонредно динамичен период исполнет со вообичаениот балкански медиумско-политички фолклор, што нема да помине и без цунами од лажни вести, дезинформации и говор на омраза, уште на првиот ден од преговорите за формирање влада.

Треба да е веќе добро познато дека преговорите за состав на влада се однесуваат на сите нас и на судбината на демократијата во земјата во наредните години, по можност четири, колку што трае еден мандат. Навистина, одамна не сме виделе влада што трае четири години… Како што стојат работите во моментов, тешко дека тоа ќе го видиме во догледно време, освен ако Зоран Заев не смислил некое решение што многумина ќе го наречат ново политичко чудо. Но и за чуда се потребни повеќе од еден човек.

Треба да се знае и дека составот на владата што произлегува од преговорите, не значи дека ќе ги отсликува изборните резултати на партиите, особено кога разликата е мала. Тоа не е наш специјалитет, туку е случај со повеќето демократии во светот. Сме виделе политички бракови во големи демократии како што е германската, чија цел била развој и благосостојба во земјата. Но Германија е далечна приказна…

Ќе речете, значи залудно гласаме кога и онака сѐ зависи од преговорите после изборите? Добра поента, но само навидум. Волјата на гласачите на една политичка опција, колку и да се уверени (или не) во нејзиниот квалитет, не значи дека во наредниот мандат треба да биде единствениот носител на сите лостови на извршната власт.

Ова се денови кога политичарите треба да излезат во јавноста и да кажат дека не ќе можат да ги исполнат сите ветувања што ги дале во предизборието, за да нема изненадувања (и претерани разочарувања). И дека за одржување на правниот поредок ќе бидат одговорни и пратениците на опозицијата, какви и да се тие.

Пратениците, на пример, може да блокираат реформи на судските реформи за да спасат некој свој спонзор. Таков беше случајот со Мицкоски и неговите пратеници кои, со својата блокада во парламентот, го убија СЈО и го спасија (барем привремено) својот спонзор Орце Камчев. Се разбира, во комбинација со успешна медиумска кампања со меѓународни размери. Таква опозиција нема да ја движи земјата напред. Има пратеници чија агенда е руска, што значи дека нема да работат за интересите на државата. Но тоа е реалноста што ќе ја гледаме во наредниот период.

Назад кај преговорите за влада. Уште од изјавите по разни медиуми, видовме дека кампањата за премиер Албанец, единствениот изборен адут на ДУИ, бил „симболичен“ потег (Бујар Османи, ТВ Т7, Косово). Тоа е добар знак за успешно завршување на преговорите уште на самиот почеток. Освен ако цената на учеството во следната влада не е превисока, како што беше во претходниот период.

Всушност, проблемот во македонската политика е тоа што цената за учество во коалициона влада секогаш е превисока. Сите имаат подолга листа со барања отколку што им е долга листата со ветувања дека ќе работат вредно, чесно и професионално, за доброто на државата. Така, пратеничките мандати стануваат бројки, односно адути за трговија и, простете, уцена.

Ова се денови кога Зоран Заев уште еднаш ќе ги покаже своите веќе проверени способности за политички решенија што ги надминуваат очекувањата и на најголемите оптимисти и ги оставаат песимистите со зината уста.

Тешката работа претстои дури потоа (како да е лесно сè дотука). Останува сите важни одлуки и процеси да ги спроведе Зоран Заев, ловориките за успесите да ги споделат сите, а за грешките, се знае, ќе биде обвинет само оној што навистина работи.

 


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Вимблдон ФБ

(ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

July 8, 2025

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

July 8, 2025

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk